Култура
majka tereza

Македонија е должна да го заштити културното наследство

Според Хашката конвенција Македонија е должна да го заштити движното  културно наследство. Државниот архив, Куќата на Мајка Тереза, Музејот на македонска борба, се објекти каде се чува движното културно наследство и по таа опснова го имаат и добиено статусот на културно наследство. Македонија не е исклучок и таа како и другите земји ја има ратификувана Хашката конвенција за заштита на движното културно наследство во случај на вооружен конфликт.

– Македонија е потписник на Хашката конвенција за заштита на културното наследство во случај на вооружен конфликт и ништо не е спорно со добивањето на статусот културно наследство на споменатите институции, единствено не знам зошто во оваа група се најде и Порта Македонија, вели Јован Ристов, поранешен директор на НУ Конзерваторски центар Скопје.

Се работи за процедура со која движното културно наследство се внесува во националниот регистар. Куќата на Мајка Тереза на пример, врши музејска дејност и таа е изградена според Закон за музеи. Објектите се ставени под заштита како „екс-леге“ (право или правен однос кој настанува по сила на закон) поради нивната уметничка содржина внатре а не поради нивната архитектонска вредност. Сите објекти што добија статус културно наследство го добија статусот поради нивната функција, а тоа е чување, архивирање и изкожување на движното културно наследство.

Многу од медиумите објавија, цитирајќи ја професорката Донка Барџиева Трајковска, од  Центар за културно наследство, дека со прогласувањето на овие институции се прави злоупотреба на законот бидејќи овие објекти не ги исполнуваат критериумите за да бидат прогласени за културно наследтсво.

Според претседателката на Центарот за културно наследство, додека ГТЦ води битка за негов опстанок, се донесуваат вакви одлуки, дека законот е штетен и дека законот за културно наследство ја усложнува процедурата за она што значи вистинска вредност, а ги отвора за жал вратите на нешто што е лажно културно наследство.