Култура
jambinai

Бендот „Џамбинаи“ го отвора годинешениот „Оф Фест“

Најголемата музичка атракција од Кореја, бендот „Џамбинаи“, (Jambinai), ќе го отвори 14-то издание на годинешниот „Оф Фест“ 2015, утревечер во Младинскиот културен центар.  На  првата вечер, ќе настапи Басеку Кујате (Bassekou Kouyate), мајсторот на традиционалниот инструмент нгони и неговиот еклектичен состав „Нгони ба“, кои ќе се претстават со материјалот од својот најнов албум „Ba Power“. Басеку Кујате и „Нгони ба“ последниве години важат за највозбудливиот бенд кој доаѓа од Африканскиот континент.

bessekou_kouyate_and_ngoni_ba

Програмата на годинешниот „Оф фест“ според оценката на фестивалот, Оливер Белопета, е  најкомпактна и најдобра досега.  Публиката ќе има можност да ужива во новите музички материјали на  Хинди Зара, Бубакар Траоре и Басеко Којате , кои доаѓаат да ги промовираат нивните нови  албуми. Музичката приказна за Мали ќе продолжи следната вечер, 29 мај, со настапот на легендарниот блуз гитарист и симболот на независноста на Мали Бубакар Траоре. Последниот фестивалски ден (1 јуни) е резервиран за концертот на светската музичка сензација – виртуозните музички бунтовници „Тинаривен“ (Tinariwen). Во саботата на 30 мај, публиката ќе ја слушне фадо музиката на португалката Лула Пена и ќе ужива во концертот на популарната мароканска пејачка и кантавторка Хинди Захра, која во Скопје ќе го изведе својот најнов албум „Homeland“. Македонската етно ризница ќе биде претставена на концертот на групата „Чалгија саунд систем“ (Chalgia Sound System), кој ќе се одржи за 31 мај во недела.

Автор:

Слични статии