Актуелни состојби и предизвици во културното наследство
— 15 мај, 2015Во Домот на Армијата, на 20 мај, со почеток во 11 часот. ќе се одржи тркалезна маса на тема, „Културното наследство и прородно богатство во Република Македонија- актуелни состојби и предизвици“ , во организација на Здружението за заштита на културното наследство и природно богатство „Аминта“.
На тркалезната маса ќе земат учество со свое излагање професори, експерти и интелектуалци, кои со својата работа придонеле за зачувување, презентација и популаризација на културното наследство во Република Македонија: проф.др. Донка Барџиева Трајковска, Центар за културно наследство, д-р Валентина Поцеска – НУ Конзерваторски центар, Скопје, проф. др. Марјан Јованов – Институт за археологија при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, проф. др. Трајче Нацев – Универзитет Гоце Делчев-Штип, Јован Ристов поранешен директор на НУ Конзерваторски центар, доц.др. Саше Герасимовски – Универзитет „Св.Климент Охридски“-Битола.
Тркалезната маса ќе ја отвори д-р Стојан Велкоски, претседател на Здружението „Аминта“.
„Културното наследство претставува корен на еден народ, тоа е минато, сегашност и иднина. Република Македонија е една од ретките земји на Балканот и во светот која изобилува со културно наследство. Тоа се повеќе е предмет на истражување од различен аспект на историјата, културата, политиката и други научни гранки. Но за зал во исто време е предмет и на континуирано уништување од различен аспект на делување. Зачестеното исчезнување на артефакти и икони од верските објекти, несоодветната грижа за истите, оставањето на забот на времето на археолошките локалитети по археолошките истражувања, нелегалните ископувања, и други незаконити дејствија, придонесоа многу движни и недвижни споменици на културата да исчезнат или да ја изгубат својата форма заради негрижата околу нивната заштита. Во прилог на превентивно делување или спречување на одлевање и уништување на културното наследство во Република Македонија, со оваа тркалезна маса даваме скромен придонес тоа да добие статус на почитуван дел од целокупната култура во Република Македонија.“ стои во информацијата на Здружението „Аминта“.