Култура
  • Изложбата „Јас и ти сме едно“ ќе биде отворена во Чифте Амам на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

    На Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, на четврти декември, среда, ќе биде отворена последната изложба „Јас и ти, едно сме“ од проектот „Уметност за сите“ во Чифте Амам во 12 часот.   Ликовно- едукативниот проект  „Уметност за сите“ е досега најголемиот едукативен проект на Националната галерија на Северна Македонија во доменот на едукативниот сектор. Во…

    Continue Reading ...
  • Најлековити три билки, лек за сите болести

    Tревките ќе не’ спасат од болести, a овие три тревки се сметаат за најмоќни меѓу лековитите чаеви. Троскот Троскотот е лековито растение коешто буквално може да се најде насекаде. Не постои ниту една градина без неа. Забележете, мачките и кучињата често ја јадат. За човекот таа е непроценлив подарок, бидејќи го обновува пореметувањето на метаболизмот. Варениот…

    Continue Reading ...
  • Доделени наградите на 18. издание на „Синедејс“

    Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Зад хоризонтот“ на Делфин Лариси во киното Милениум е затворен 18-от Меѓународен фестивал за европски филм „CINEDAYS“. Годинешниот 18-от Меѓународен фестивал за европски филм „CINEDAYS“ на својот репертоар имаше 97 филмски проакции, шест работилници, две промоции на книги, една изложба на фотографии и седум концерти.  Фестивалот…

    Continue Reading ...
  • Азиска премиера на „Врба“: редици за автограм од Манчевски

    Час и половина чекаше тајванската публика во 20-метарска редица за автограм од режисерот Милчо Манчевски. Салите беа преполни и во тајванските медиуми имаше голем одглас азиската премиера на „Врба“ на филмскиот фестивал Златен коњ (Golden Horse) во Тајпеј, Тајван, еден од најголемите фестивали во Азија.  Манчевски е автор во фокусот на фестивалот, и покрај премиерата…

    Continue Reading ...
  • Премиера на „Отело“ во изведба на МНТ и Босанско народно позориште од Зеница

    Утре, на 16 ноември, во Босанското народно позориште во Зеница, Босна и Херцеговина, премиерно ќе се одигра претставата  „Отело“ од Вилијам Шекспир во режија на Нина Николиќ, во изведба на актерската екипа од Македонскиот народен театар и од Босанското народно позориште од Зеница. На 4 декември, со почеток во 20 часот ќе биде одиграна скопската премиера…

    Continue Reading ...
  • „Синедејс“ завршува вечерва со доделување на наградите во киното Милениум

    Вечерва,  во киното Милениум со почеток во 20 часот. ќе бидат доделени наградите на годинешното 18. издание на Интернационалниот фестивал на европски филм, „Синедејс“. Веднаш потоа ќе биде прикажан последниот филм од Гала програмата „Зад Хоризонтот“ во режија на Delphine Lehericey.  Дејството во филмот се случува во летото, 1976 година, кога во Европа владее период на…

    Continue Reading ...
  • Стив Абот од “Монти Пајтон” смета дека за толку мала земја имаме одлична кинематографија

    Продуцентот на летечкиот циркус „Монти Пајтон“, Стив Абот, е гостин на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, на кого му беше врачена наградата за животно дело за неговата работа со „Монти Пајтон“. Наградата му ја врачи амбасадорката на Велика Британија во Македониј, Рејчел Галовеј, синоќа во киното Фросина, пред прикажувањето на филмот „Смислата на животот“, еден од петте…

    Continue Reading ...
  • Продуцентот Стив Абот, вечерва на Синедејс, ќе прими награда за долгогодишното посветено работење на Монти Пајтон

    На вечерашната проекција на филмот „Meaning of life“ во 21 часот во кино Фросина, ќе присуствува и продуцентот Стив Абот и ќе му биде доделена наградата за Долгогодишното посветено работење на Монти Пајтон. Наградата ќе ја врачи амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј. Проекцијата е бесплатна и отворена за сите љубители…

    Continue Reading ...
  • „Медена земја“ и на главната протагонистка Атиџе наградени на Избор на критиката за документарци во САД

    Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) освои две награди на Избор на критиката за документарци во САД (Critics’ Choice Documentary Awards), кои беа доделени вчеравечер (10 ноември) во Њујорк.   На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена наградата за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистка во документарецот – Атиџе Муратова ѝ…

    Continue Reading ...
  • Изложба на Никола Радуловиќ во МСУ

    Во Музејот на современата уметност – Скопје, утревечер на 8 ноември, со почеток во 21 часот ќе се отвори изложбата „СИСТЕМА“ на Никола Радуловиќ. Куратор на постановката е Бојана Јанева-Шемова. Никола Радуловиќ е добитник на наградата за најуспешен автор и дело на XII Биенале на млади уметници доделена од Музејот на современата уметност – Скопје. „СИСТЕМА- Book…

    Continue Reading ...