Почетна / Насловна / Настани / Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“
— 5 ноември, 2024
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот опус на дела од нашиот познат композитор, Бранѓолица, кој остави богато творештво зад себе. Автор на збирката е Андреј Блажевски, и е поддржана од Министерството за култура со име на проектот „Збирка композиции за камерен состав од Љубомир Бранѓолица“.
Љубомир Бранѓолица е роден 1932 година, потекнува од музичко семејство и како дете одел на часови по пијано во Дубровник. Во военото музичко училиште во Загреб се запишал во 1946 година, а средното музичко училиште го завршил во Ријека. Во Белград на Музичката академија во Белград не го примиле на отсекот по пијано туку на теоретскиот смер, и по кратко време ја напушта и во 1950 година почнал да работи во салонскиот оркестар при Домот на ЈНА со кој ја извел првата композиција интермецо. Во 1954 година доаѓа во Македонија и прво во Куманово а потоа во Скопје, каде останува до крајот на животот. Од 1957 година бил ангажиран во балетскиот ансамбл за кој напишал музика за 18 целовечерни претстави меѓу кој е и неговиот монументален проект, „Дубровничка легенда“. Во богатиот опус на дела има музика за балет, опери, камерни и хорски композиции, музика за деца, поп музика, филмска музика, музичка драма, мјузикл. Љубомир Бранѓолица, имал извонреден слух за танцот, играта и за балетските уметници. Тој ќе остане запаметен по „Велеградски варијации“, првиот негов модерен џез балет, изведен во 1959 година, во кореографија на Олга Милосавлева, кој направил вистински бум и бил новитет во модерната музика за балет, вели Емилија Џипунова, балетски критичар и балерина од првата генерација на нашите балетски уметници.
Со оваа збирка ноти од опусот на камерната музика, на своевиден начин му се заблагодарувам на композиторот за долгогодишната соработка која ја имавме и верувам дека оваа збирка на ноти ќе претставува вреден извор за сите музички изведувачи, композитори и љубители на музиката. Создавањето на оваа збирка на ноти е продукт на долгогодишна работа преку видентирање, архивирање и дигитализација на богатото музичко наследство што го создаде композиторот Љубомир Бранѓолица. Со неговата музичка генијалност, мелодичност и израз тој остави длабока трага во македонската музичка мисла на XX и XXI век, вели авторот Андреј Блажевски.
Збирката ноти може бесплатно да се разгледа и преземе од страната на дигиталниот архив Бранѓолица:
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…