Култура

„Браќа Карамазови“ на Оливер Фрљиќ вечерва на МОТ

Среќните и несреќните семејства на Толстој низ призмата на суровиот реализам на Достоевски, е дело кое е како порачано за наградуваниот режисер Оливер Фрљиќ.

По девет години тој се враќа на сцената на ЗКМ во Загреб, и ја прави оваа современа обработка на рускиот класик, Браќа Карамазови, која е во форма на двојна претстава. Може да ги гледаат и двата дела и да добијат целосна слика од оваа комплексна линија на дејството поради која овој роман се смета за најцеловитото дело на Достоевски.

Двојноста најдобро е прикажана преку огледалноста на одредени ликови и нивните меѓусебни односи, но и преку сценографските и костимографските решенија, а и кастингот, со кој некои актери играат повеќе ликови, кои меѓусебно се надополнуваат. Иако досегашните сценски адаптации се држеа подалеку од односот на Аљоша и момчињата од пониските социјални слоеви, во обработката на Фрљиќ тој добива еднакво внимание како и главната линија за браќата Карамазови и нивниот татко.

1 дел: Сите среќни семејства се среќни на ист начин 2. дел: Сите несреќни семејства се несреќни на свој начин

Играат: Уго Корани, Дадо Ќосиќ, Адриан Пездирц, Јерко Марчиќ, Линда Бегоња, Катарина Бистровиќ Дарваш, Данијел Лјубоја, Матео Видек, Милица Манојловиќ, Миливој Беадер, Иван Пашалиќ, Хрвојка Беговиќ, Петра Свртан, Рок Јуричиќ Драматургија: Нина Гојиќ Сценографија: Игор Паушка Костимографија: Здравка Ивандија Киригин Сценски движења: Дина Екштајн Музички избор: Оливер Фрљиќ Дизајн на светло: Марино Франкола Асистент на режија: Александар Швабиќ Асистент на драматургија и сценски движења: Ана Јаворан Асистент на драматургија: Карла Месек, Антонела Тошиќ Асистент на костимографија: Тина Спахија, Реа Јањиќ Инспициент: Дина Екштајн

Автор:

Слични статии