Почетна / Насловна / Став / ЧОВЕКОТ КАКО СИМУЛАКРУМ САМИОТ СЕБЕСИ ИЛИ СИТЕ НАШИ ПУСТЕЛИИ
ЧОВЕКОТ КАКО СИМУЛАКРУМ САМИОТ СЕБЕСИ ИЛИ СИТЕ НАШИ ПУСТЕЛИИ
— 18 септември, 2023
(Кон романот „Единствен матичен број) на Лидија Димковска во издание на Три, Скопје, 2023)
Кирпијанинот од Картагина во делот „Егзодус“ од Бибилијата вели: „За обредот на Пасха и на јагнето, кое јагне го означува Христос, напишано е: „Ќе се јаде во една куќа; немој да носиш ништо од неговото месо надвор од куќата“. Компактноста на семејството и припадноста се внатрешната, духовна вертикала на човекот. Неговото откорнување и реконтескуализирање носи и нова животна приказна, но и нови предизвици. Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска зборува за сивата неприпадност и бездушноста која е предзнак на пустелијата, вовлечена во нашето секојдневие. Романот започнува со Турската инвазија на Кипар во 1974 година кога семејството на Никос Аврам (или Авраам) ја напушта земјата, а тој заминува во Скопје, во градот на неговата сопруга Милка, која се вљубила во него додека работела во Кипар. Развитокот на семејното гнездо донело две деца на светот, но во транзитивните денови на новородената Македонија донело и раздор и отуѓување кое останало како духовна бактерија на која се навикнале сите, а најмногу Никос, „егеецот“, како што го нарекувала средината. Приказната на овој роман низ судбината на ова семејство отвора важни прашања кои, за жал, се уште не се одговорени, а можеби и никогаш нема да се одговорат: прашањата на идентитетот и оттуѓувањето.
Катерина, ќерката на Никос и Милка се обидува да го разотвори клопчето на тајните на нејзиниот татко чиј молк е една од најголемите болки во семејството. Градејќи ја оваа болна приказна, Лидија Димковска особено посочува на тој тензиче молк во чии магли се сокриваат сите дилеми, беспричински деструкции и автодеструкции, молк кој во текстовните пасажи меѓу главите од романот го отелотворува како „пустелија“. „Човек да фати пустелија“ е фразата која Никос, кој до својот последен здив го нема својот „идентитет“, го нема „единствениот матичен број“, фраза која на некој начин ја обелоденува состојбата на тлото чии идетитетски турбиленции и превирања никако да запрат. Неговата судбина е болна биографија без податоци, со расселени корени, со избришани генетички траги и една слабичка старица која како круна на истражувањето на Катерина, и подава еден мал идетитетски и традиционален знак: „бабутца“, мармаладот што исто така Никос нема да успее ни да го види, ниту да го вкуси. Во овој роман, густ и стилски длабок, препознатливиот стил на Лидија Димковска ги отвора сите пори на своите ликови, а сторијата е консеквентна и книжевно силна. Таа донесува галерија на ликови што ја откриваат онаа најдлабока рана на земјата чија редундантност е длабоко метастазирана во секојдневието на нејзините граѓани. Таа вели дека секој од семејството има свое бекство, а тоа бекство е влезен билет за „пустелијата“ која во текстовните пасажи меѓу главите ја опишува како дистописка иднина во која човекот е совршено, но и легитимно отуѓен, каде што децата не ги слават своите родендени, каде што човек на човек не му помага кога е во тешка ситиуација, туку го прескокнува и остава тоа да ги направат службите, каде што припадноста е сведена на број, на „единствениот матичен број“ што ете, кутриот Никос не успеал да го добие до својот последен ден. Овде е интересен молкот на Софче, најмалиот изданок на тоа семејство кој на некој начин го надополнува оној молк на нејзиниот дедо, една совршено Бекетовска ситуација која Димковска ја развива како знак од којшто и ја раширува таа координата на дисфункционалноста. Во тој молк се сокриени сите избришани траги на семејството чија геналогија е хибрид од егзодуси, од несфатеност и идентитетска магливост. Катерина сака да ја расчисти таа магла за во јаснотијата на својот хоризонт да ја здогледа и својата љубов, посветена и искрена, да се вовлече во една прегратка како во гнездо и да ја почувствува сигурноста на припадноста.
Но, тие неуспешни обиди не се дел само од нејзиниот живот: Милка, нејзината мајка, чија бесчувствителност е далеку поголема од мајката на Злата и Сребра во „Резервен живот“ ја живее својата трагедија што самата ја создала, Стефан, нејзиниот брат кој се обидел да создаде семејство исто така ја вкусил разнебитеноста со својата сопруга Дијана потоната во водите на побожноста, како и во тишината на својата малечка ќеркичка Софија. Говорејќи за пустелијата како невидлив, намислен топос, Лидија Димковска ќе каже: „Во пустелијата има луѓе на кои емоциите на среќа, љубов, топлина и блискост им прекизвикуваат таква анксиозност што лекарот им препорачува рамнодушност и отапеност. Има и неколку деца кои станале невидливи при игра, несреќа, злоупотреба и насилство.“ Орвеловската дистописка позиционираност во овој роман е превртената ракавица на самото дејствие кое е флуктуално и исклучително комплексно. Во овие делови Димковска ни предочува иднина која не е многу далеку и е дел од нашиот духовен метаболизам. Семејството на Никос и грчевитиот напор на Катерина да се отвори таа непознатица и да се врати компактноста која е одамна изгувбена е до крај рферентна на едно време – реконвалесцентно и крајно дисторзирано на многу планови. Судбинските последици во овој роман стануваат неизбежност која како да кине нешто од нас додека го читаме. И во ликовите, но и во настаните што се нижат Димковска создава еден свет што предупредува и повикува на рацио за да се спаси духот и идентитетот. Таа сепак вели: „Пустелијата е СОС.“ И тоа е една од болно точните констатации, сентенца која во себе ги сокрива сите ововременски егзодуси, економски или политички. Расселеноста има своја генетска поврзаност, па така и ововременските демографски тектоники се резултат на таа воведна дистопија која од зад аголот ни се заканува да ни го исцеди духот и да ни го одвее како пустински ветер.
„Единствен матичен број“ е роман што ги синтетизира сите несреќи на ова тло во внатрешното отуѓување на човекот и во неодговорените прашања делејќи го идентитетот на намислен и вистински. Вистинскиот идентитет е се уште тешко прашање и има и политичи и демографски атрибути. Судбините на Катерина и Никос не водат во еден галиматијас каде што потеклото никогаш не е еднакво на припадноста, а човековото битствување е само лебдечка апострофираност на едно конструирано „сега и овде“. Лидија Димковска говорејќи за дистописките контексти зборува за глобално нерешените прашања на припадноста и тоа низ јазикот на човековата отуѓеност. Катерина претворајќи го своето истражување во научен проект сепак не може да се оддели од емотивниот аспект и нејзината потрага станува епска, а нејзините резултати симптоматика на едно време каде што еден од најболните процеси е човековата обезличеност. Семејната дисфункција е магливата околност во која секој од членовите си го бара своето место под сонце и таа трае, како и се размножува како бактерија за да ја истакне осаменоста и на Катерина, но и на нејзиниот брат Стефан кој има своја филозофија и свои тежнеења: „Стефан, и покрај тоа што имаше многу, изгледа дека немаше нешто, нешто што не знаеше што е, ама го немаше, некаква празнина, апатија, за која најде излез во алкохолот.“ Апатичноста и безизлезот се семејната архитектура која Димковска многу умешно ја потопува во молкот, во летаргијата од која нејзиниот главен лик, Катерина се обидува да излезе и да одговори на најважните прашања за да не се отвори пустелијата која како маглата на Стивен Кинг се задава оддалеку. Романот е своевидна анализа на тој молк, на таа митска тишина чиј симбол е релевантен на заглушувачката врева која налегнала врз нашиот интелект, врева од информации, лажни и заканувачки, од измамнички ветувања и недостојности, свет што татне и во ушите на Никос, но и во ушите на малата Софче која едноставно станала „невидлива“ и се чини дека детската едноставност во овој роман е она што ги предупредува сите.
Читајќи го овој комплексен роман доаѓаме до констатација дека „пустелијата“ е дел од смислата на постоењето на човекот. Зошто? Затоа што намислената изгубеност, самоубиството, осаменоста, насилството и исчезнувањето веќе не се нус појави. Тие стануваат секојдневие кое се повеќе и повеќе не изненадува и не шокира. Овде ми се наметнува една прекрасна сентенца на Херман Хесе од неговата „Сидарта“ која вели: „Морав да доживеам толку многу глупост, толку многу пороци, толку многу грешки, толку многу гадење, разочарување и тага, само за да станам повторно дете и да почнам одново. Морав да доживеам очај, морав да потонам до најголемите ментални длабочини, во мислите за самоубиство, за да доживеам благодет.“ Лидија Димковска мислејќи на „пустелијата“ сепак наметнува и помисла дека таму некаде далеку, во хоризонтот има нешто и дека тоа нешто е светло и посакувано. Обезличениот човек се уште не знае што е тоа, но веројатно е тоа некое ново раѓање, некаква нова зора, зашто како што вели Албер Ками: „Но, на крајот на човекот му треба повеќе храброст за да живее отколку да се самоубие.“
„Единствен матичен број“ е конечно роман и за човековото повторно раѓање. Лидија Димковска ги отвора бездните на човековото ововременско премреже за да не потсети дека човечкото суштество има истрајност која е еднаква на божествената и дека сите битки не можат да се добијат, но дека војната ќе се добие. И да, човекот не смее да биде симулакрум самиот на себе. Неговата идентитетска матрица не започнува со број, туку со глас, со буква, со здив и поглед.
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…
На годинешното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, најстар фестивал и еден од трите фестивали во светот посветен на кинематограферите, кој се одржа од 21 до 27 во Битола, главната награда „Златна камера 300“ му припадна на германскиот филм „Наставничка канцеларија“ односно на кинематограферката Џудит Кауфман. Секако, одличен филм, безвременски, што…