Киро Урдин на Интернационален поетски фестивал во Букурешт
— 11 септември, 2023
Нашиот еминентен мултимедијален уметник, Киро Урдин, ќе учествува на 13. Интернационален поетски фестивал што ќе се одржува од 11 до 17 септември во Букурешт.
Оваа година на Фестивалот се поканети 158 поети од 26 земји од четири континенти: Македонија, Австрија, Боливија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Куба,Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Италија, Мароко, Црна Гора, Перу, Полска, Португали ја, Молдавија, Шпанија, Турција, Холандија, Уругвај и Романија.
Предвидено е да се одржат 50 настани од различни културни сегменти и формати (средби со поети, преведувачи и издавачи, поетски читања, тркалезни маси, трибини, театарски и филмски претстави, изложби,) на вкупно 14 познати културни простори во Букурешт.
Урдин ќе се претстави задутре, со поетско читање на една од најзначајните негови творби, поемата „Стаорци”. Истиот ден во градината на седиштето на Националниот музеј на романската литература ќе има проекција на три документарни филмови, „Роман во стихови (Кон поезијата на Киро Урдин)“, по сценарио на Јане Теохаревски, „Табула Раса”, последниот негов документарец и „Taнцот Планетариум”. Утре ќе биде отворањето на изложбата на слики од Урдин, од неговиот последен циклус „Табула Раса „ претставен минатиот месец во Романскиот парламент и, на изложбата со микс од неговите книги со афоризми.
Последното претставување на Урдин ќе биде во аулата на Централната универзитетска библиотека во Букурешт, каде гледачите ќе имаат прилика да ги видат неговите документарци, наградените „Планетариум” и „ Догона ”, како и „Живот и смрт”, сите со негов режисерски потпис.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…