Почетна / Култура на живеење / Насловна / Боно како ѕвезда на отворањето 29. Сараевски филмски фестивал со документарецот за Ју-Ту и Сараево
Боно како ѕвезда на отворањето 29. Сараевски филмски фестивал со документарецот за Ју-Ту и Сараево
— 12 август, 2023
Двајца членови на Ју-Ту, Боно Вокс и Д Еџ беа изненадување на вечерта, на синоќешното свечено отворање на 29. Сараевски филмски фестивал. Двајцата легендарни музичари дојдоа заедно со нивните сопруги, како и моделката и активистка Кристи Тарлингтон и новинарката на Си-Ен-Ен, Кристијана Аманпур. Фестивалот отвори со документарецот „Бакни ја иднината“ на Ненад Чичин-Шаин, кој е инспириран од Ју-Ту и нивната значајна улога за воено и повоено Сараево и неговите жители.
Во филмот е прикажан активизмот на Боно и настапот на Ју-Ту на стадионот Вембли во Лондон, пред точно 30 години. Врската на Боно со Сараево и Сараевскиот филмски фестивал трае веќе неколку децении. По посетата на Фестивалот во 2000 и 2021 година, тој често доаѓа во Сараево како поддршка на фестивалот.
Оваа година, Сараевскиот филмски фестивал ја одбележува 30-годишнината од првото воено кино Аполо, кога градот беше под опсада, а публиката се собра да гледа филмови во подрумот на Академијата за драмски уметности, со што се прославува јубилејот поврзан со самиот почеток на фестивалот. Приказната е токму за заедницата која продолжи да работи и живее во текот на опсадата на Сараево во 1990-тите. Во филмот исто така се појавува и Аманпур, која раскажува за своето искуство како млада репортерка која известувала за војната.
Фестивалот ќе трае до 18 август, а во трка за Срце на Сараево се 49 филмови.
Две македонски копродукции ќе имаат светска премиера во конкуренцијата за награди за документарци, „Тело“ на Петра Селишкар копродукција со Словенија и „Молк на разумот“ на Кумјана Новакова со БиХ. Екипа на „Кајмак“ со режисерот Милчо Манчевски на 17 август ќе продефилира на црвениот килим, во програмата Open Air.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…