Почетна / Насловна / Настани / Викенд програмата на 14. МакеДокс помина со одлични филмови и мастер класови со авторите
Викенд програмата на 14. МакеДокс помина со одлични филмови и мастер класови со авторите
— 21 август, 2023
Викенд-програмата на 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“ прикажа одлични филмови а беа одржани и мастерклас со режисерката Мила Турајлиќ авторка на филмскиот диптих „Досие: Лабудовиќ“. Во Куршумли Ан беа прикажани документарните филмови „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ и „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“. Главен протагонист во филмовите е Стеван Лабудовиќ, кој своевремено работел во „Филмски новости“ и бил личниот снимател на патувањата на Јосип Броз Тито.
Мастеркласот со Мила Турајлиќ, се оджа во Даутпашиниот амам, а го водеше францускиот продуцент Виктор Еде. На почетокот Мила зборуваше за својот досегашен принцип на работа, објаснувајќи дека првите филмови ги направила со пријатели и во кругот на своето семејство.
– Филмот е дел од мојот живот и многу ми беше тешко да работам со луѓе кои не се дел од мојот пријателски или семеен круг – рече Турајлиќ.
Подоцна со зголемувањето на обемот на обврските кон филмовите што ги правела почнала да вклучува и други соработници кои би можеле во вистинска смисла да помогнат во креацијата на остварувањата. Така, на најновите два филма биле вклучени две француски монтажерки кои не го разбирале српскиот јазик. Токму тој факт Турајлиќ го искористила во правењето на драматургијата на приказната како филтер за селекција на кадри од преобемниот материјал.
Имајќи предвид дека првиот филм на Турајлиќ „Синема комунисто“ (2010) беше посветен на кинематографијата во поранешна Југославија, беше поставено прашање дали нејзина цел е правење филмови за државата што веќе не постои. Турајлиќ одговори дека со двата нови филмови сакала да го забележи моментот кога во нејзиниот роден град Белград се случил големиот настан на основањето на Движењето на неврзаните во 1961 година, кое тогаш се појавило како отпор во Студената војна помеѓу Истокот и Западот, а целта на филмовите е да потсети дека некогаш имало идеја за Третиот свет.
Во филмот „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ се опфатени пет клучни точки од основањето на Движењето на неврзаните, додека во вториот филм „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ приказната се одвива на територијата на Алжир за време на ослободителната борба против колонијализмот.
– Во сите овие 15 години се обидувам да ги слушнам шепотењата од светот и да ги забележам во моите филмови – заклучи режисерката Мила Турајлиќ.
Во текот на вечерната проекција на филмскиот диптих, во паузата помеѓу двата филма, Турајлиќ одговараше на прашањата на публиката, која го исполни Куршумли-ан до последното место, а втората проекција ја посвети на Милтон Манаки, бидејќи во архивот на „Филмски новости“ додека ги правела своите филмови пронашла фотографија од посетата на Јосип Броз Тито во Битола во 1957 година, а на фотографијата се Тито, нејзиниот протагонист Стеван Лабудовиќ и основоположникот на македонската кинематографија Милтон Манаки.
Од 18 до 20 август се одржа работилницата за монтажа со наслов „Трагајќи по слоевите“. Со работилницата раководеа светски познатиот дански монтажер Јеспер Осмунд заедно со данскиот критичар Ту Стин Милер. Резултатите од работилницата беа презентирани во првиот сегмент од работата на петтото издание на МакеКоПроДокс форумот на 21 август во МКЦ. На работилницата учествуваа четири избрани филмаџии/тимови од Бугарија, Грција, Турција и Романија со проект што моментално е во процес на монтажа.
Работилницата се одвиваше во монтажерското студио на Атанас Георгиев, а учесниците имаа можност да откријат нови алатки за монтажа, да научат да ги препознаваат слоевите на приказната во своите дела и да отворат нови можности за продуцирање на проектот. Менторот Јеспер Осмунд откри дека неговиот начин на работа е сличен како структурата на кромидот – открива слој по слој за да допре што подлабоко во приказната.
Петтото издание на МакеКоПроДокс форумот се одржува од 21 до 23 август во Младинскиот културен центар. Во текот на првиот ден, покрај презентацијата на резултатите од работилницата за монтажа, се одржа и панел-дискусија за филмските копродукции со акцент на релациите помеѓу монтажерите и продуцентите. Панелот го модерираше продуцентот и поранешен момтажер Виктор Еде (Франција), а учествуваа Јелена Максимовиќ и Драган Вон Петровиќ, монтажери од Србија, и продуцентот Рок Бицек од Словенија.
Монтажерот Драган Вон Петровиќ посочи дека природната релација во креацијата на документарните филмови е помеѓу авторите и монтажерите, а продуцентите се присутни за да обезбедат финансиска поддршка за проектот. Истакна и дека документарните проекти добиваат средства од државни фондови и агенции и дека мора да е присутна одговорноста на сите учесници во процесот кон јавните пари, кои се наменети за правење уметност, а не за правење филмови „за по дома“.
Како трет сегмент од првиот ден на петтиот МакеКоПроДокс форум беше учеството на претставници од балканските филмски центри кои имаа презентација на можностите за копродуцирање на филмски проекти. Секоја агенција, филмски центар или фонд има свој систем на работа и различен пристап кон поддршката на мнозинските и малцинските копродукции и затоа беше важно тие да бидат посочени пред филмските автори присутни на 14 „Македокс“.
Претставувањето на филмските центри беше модерирано од Хеле Хансен, независен консултант за документарен филм, а учествуваа Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм на С. Македонија, Валентина Лусупоџаев, директор на Филмскиот центар на Молдавија, Атина Карталу, директор на Грчкиот филмски центар, Блерта Зеќири, директор на Кинематографскиот центар на Косово, Морана Икиќ Комијеновиќ, претставник на Хрватскиот аудиовизуелен центар, додека онлајн на презентацијата се вклучија Гергана Даковска од Националниот филмски центар на Бугарија, Марија Никчевиќ од Филмскиот центар на Црна Гора и Мејлинда Тафа од Албанскиот центар за кинематографија.
Во попладневните часови, во хотелот „Арка“ се одржа средба на претставници на фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.
На 22 август во МКЦ ќе бидат презентирани 11 проекти во различни фази на продукција од Балканот, меѓу кои и два македонски, кои ќе имаат пичинг и еден-на-еден состаноци со филмски професионалци и гости на фестивалот.
Годинава фестивалот „МакеДокс“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Министерството за култура, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Амбасадата на Кралството Шпанија, Францускиот институт, Грчкиот културен центар, Данскиот филмски центар, МЕДИА деск МК, „Вардар филм“, Младинскиот културен центар, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности, Националната галерија на РСМ, такси „Глобал“.
Медиумски покровители на „МакеДокс“ се МТВ – Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Еспресо.мк, МКД.мк, УМНО.мк, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа и Култура Бета. (makedox.mk)
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…