Култура

Македонската секција на ФИПРЕСЦИ му даде поддршка на Манчевски

Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ соопшти дека се придружува кон реакцијата и поддршката од Филмскиот фестивал во Венеција и од Централата на ФИПРЕСЦИ, што му беше упатена на нашиот режисер Милчо Манчевски.

Сакаме да ја изразиме нашата поддршка за Манчевски како проминентен укажувач на корупција на највисоко ниво. Го осудуваме прогонот против Манчевски со цел тој да се замолкне и да се спречи да работи во Македонија.

Укажуваме дека ова е пример на заробена институција која се инструментализира за прогон врз автори, со што се нанесува далекусежна штета не само на филмската дејност ами и на целата култура воопшто. Сметаме дека е недозволиво е да се компромитира македонската култура на меѓународен план на овој начин.

Македонската секција и во иднина ќе продолжи да осудува кога некој автор или други професионалци во филмската дејност ќе бидат институционално прогонети или стигматизирани.

Автор: