Култура

Џез-оркестарот доби свој простор под Опера и балет, министерката за култура очекува извинување од првите луѓе на Македонската филхармонија

Националниот џез-оркестар ќе добие свој траен простор, под објектот на Националната опера и балет(НОБ), информираше  министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на вчерашната прес-конферензија. За ова трајно решение одлучи Владата на денешната седница. Станува збор за простор од 475 квадратни метри, каде порано имаше дуќан со килими, а е во државна сопственост и во владение на Министерството за култура. Тоа е простор спроти просториите на КУД „Орце Николов“. Таа објасни дека целиот процес, заради почитување на законските процедури и рокови, траел неколку недели

Кавгата меѓу Филхармонија и Министерството за култура траеше речиси три месеци, откако дел од вработенитее од оваа музичка институција потпишаа петиција против одлуката на Владата и се изјаснија дека не сакаат да го делат објектот со колегите од Џез оркестарот, и покрај тоа што ечиси опловинаа од нив се музичари во Филхармонијата. Македонската филхармонија, на чело со директорката Тина Иванова, организираше протести пред Владата и пред Министерството за култура, а музичарите на концертите во знак на протест носеа жолти, па црвени ленти. Во оваа кампања, музичарите на Филхармонија бараа и оставка од министерката за култура.

Министерката за култура изрази надеж дека претседателот на Синдикатот на Филхармонија ќе има минимум доблест да се извини за сите пласирани манипулативни соопштенија во кои, како што рече таа, „немаше ниту грам синдикализам, а уште помалку култура и со тоа креираше погрешна слика во јавноста дека музичарите се нетрпеливи и тесногради едни кон други“.

„Јас моето ветување кон јавноста, а пред сè кон вработените во Филхармонија, го исполнив и со оглед на обемноста на документацијата и запазувањето на сите неопходни процедури, ова ветување го одржав во реално најкус можен временски период. Ветив и ветувањето го исполнив. Сега, чесен епилог на сево ова е – извинувања кон јавноста и публиката од директорката и Управниот одбор кои свесно манипулираа со врвни музичари, но и со авторитети од светот на културата, убедувајќи ги дека јас и оваа Влада сакаме да ја земеме зградата на Филхармонија и воедно свесно ги изложија на критики од јавноста како нетрпеливи и безобзирни домаќини. Ова е крај на манипулативните и непотребно создадени тензии меѓу колеги музичари. Не сакам да навлегувам во тоа кому и зошто му беа потребни, но тие тензии се создадени и прават штета. Сите имаме одговорност да создаваме решенија“, рече министерката. кажа министерката.

Костадиновска-Стојчевска рече дека следната недела ќе биде претставено идејното решение за реконструкција на објектот кој ќе го користат џез музичарите и дека формалното формирање на новата институција е во завршна фаза.

„Очекувам од музичарите во Филхармонија да си го исполнат ветувањето и да им дозволат на колегите да одржуваат генерални проби и концерти во салата на Филхармонијата“, рече министерката.

Автор: