Култура

Промоција на „Куќа што танцува“ од албaнскиот поет Даим Мифтари

На 20 јуни во Младинскиот културен центар во Скопје беше одржана промоцијата на поетската збирка „Куќа што танцува“ на младиот албaнски поет Даим Мифтари.

Даим Мифтари е еден од најталентирани поети во денешната албанска поезија. За творечката дарба, Даим и самиот е свесен, затоа стихот му е стабилен и сигурен, тивок и лиричен и кога внатрешниот немир му е вознемирен.

Светот, секојдневието во кое што живее, времето што минува ги претвора во сегашни поетски фикции. Природата, видот на инспирацијата му е максимално чувствителен. Доволно е најлесното движење; недофатливо од вообичаениот поглед да му поттикне немир, болка, односно радост или иронична насмевка. Тој е поет, нормално, би рекол Кадаре.

Али Алиу, академик

Скопје, 2009г.

Даим Мифтари  живее за поезијата и со поезијата. Кога зборуваш со него имаш впечаток  дека тој секој одговор кој треба да го даде во прашањата што му ги поставуваат луѓето, не го дава без да се „консултира“ со музата Еутерпа.

Линдита Ахмети, поетеса

Скопје, 2010г.

Ова е е една од најинтересните и највдахновени поетски книги на поетот од поновата генерација албански поети во Македонија. Неговиот стил е лирски и рефлективен, а во своите песни говори и за љубовта, но и за духовните болести на дваесет и првиот век.

За книгата која е во издание на ЗРУМ „Перун Артис“ говореше уредникот на истата Сашо Огненовски и Линдита Ахмети, поетеса и преведувачка.

Автор: