Почетна / Настани / Почнува 9. „Скопје Синема Сити“, Награда за животно дело за Џијан Емин
Почнува 9. „Скопје Синема Сити“, Награда за животно дело за Џијан Емин
— 16 јуни, 2023
Деветтото издание на фестивалот на музички документарни филмови „копје синема сити“ ќе се одржи оваа година под мотото „Приказните зад музиката“ во Кинотека на Македонија овој викенд.
Фестивалот годинава во својата програма вклучува изложба и три исклучителни документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, неповторливите Леонард Коен и Френк Запа, како и за нашата антологиска музичка група „Леб и сол“. Фестивалот ќе боен утревечер, на 17 јуни, во 19 часот со изложба на музички фотографии од повеќе автори насловена „5х10“. Станува збор за избор од по пет фотографии на пет истакнати македонски фотографи кои посветено повеќе од две децении овековечувале настани од концерти и музички фестивали. Публиката ќе има можност да види фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.
По изложбата, во 20 часот, следува проекцијата на „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002), филм создаден за песната на Леонард Коен, која од отфрлен албум во 80-тите, по чудни околности, ќе стане една од најизведуваните песни на сите времиња. Ова е приказната за животот на песната „Hallelujah“ и сите музичари кои ја изведувале, од Коен до Џеф Бакли.
На 18 јуни (недела) ќе следат филмот за „Леб и сол“ насловен како „Вкусот на успехот“ и филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“.
Фестивалот, кој традиционално доделува Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката, годинава ќе му ја додели на Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика. Претходни лауреати во изминатите години, меѓу останатите, беа Руичи Сакамото, Њу Ордер, Ник Кејв. Визуелното решение за деветтото издание е дело на Даница Орцева, студент на Brainster.
Фестивалот „Скопје Синема Сити“ е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и е помогнато од Општина Карпош, од Министерството за култура и од Кинотека.
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…
На годинешното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, најстар фестивал и еден од трите фестивали во светот посветен на кинематограферите, кој се одржа од 21 до 27 во Битола, главната награда „Златна камера 300“ му припадна на германскиот филм „Наставничка канцеларија“ односно на кинематограферката Џудит Кауфман. Секако, одличен филм, безвременски, што…