Конкурсот на Агенцијата за филм за 2022 е оценет како нелегитимен и незаконски од страна на Транспаренси Интернешнл Македонија
— 27 мај, 2023
Во Конкурсот за финансирање на проекти за 2022 година, Агенцијата за филм не обезбедила објективност и непристрасност кај сите учесници преку кои се спроведувал овој Конкурс, поради што биле исполнети услови истиот да биде оценет како нелегитимен и незаконски, оценува Транспаренси Интернешнл Македонија.
Имено, во декември 2022 година, Транспаренси Интернешнл Македонија примила пријава од граѓанин за сомневање околу легитимноста и законитоста на постапката во Агенцијата за Филм за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм, објавен во јануари 2022 година во втор рок на одлучување. Укажувањето во пријавата особено се однесувала на постоење на судир на интереси и нетранспарентна постапка во однос на селекцијата и изборот на кандидати и апликации во врска со конкурси објавени на веб-страната на Агенција за филм, стово објавата на ТИ Македонија.
Транспаренси Интернешнл Македонија по спроведениот мониторинг на постапката за избор на филмски проекти во рамки на Конкурсот за финансирање на проекти за 2022 година, констатирала дека Агенцијата за филм треба повеќе да го потенцира прашањето за судир на интереси на повисоко приоритетно место во начинот на своето постапување.
На дадениот линк можее да се види Анализата на постапката спроведена во Агенција за филм по основа на Конкурс за финансирање на проекти за 2022 година изработена од Транспаренси Интернешнл Македонија
Analiza_na_postapka_sprovedena_vo_Agencijata_zaFilm_po_osnova_na_Konkurs_za_finansiranje_na_proekti_za_2022_godina
ПРЕПОРАКИ
Постоењето на судир на интереси често претставува ризик од корупција, а со тоа создава висок степен на недоверба во начинот на кој се трошат буџетските средства. Оттаму, развојот и имплементацијата на систем за навремено реагирање и управување со ситуациите на судир на интереси е од суштинско значење и за работењето на Агенцијата за филм. Поради тоа се препорачува:
- Владата преку надлежното Министерство за Култура да побара. Агенцијата за филм откако ќе обезбеди непристрасност и објективност кај сите учесници преку кои се спроведуваат Конкурси, да го повтори предметниот конкурс.
- Надлежните институции, пред се Владата која ги обезбедува средствата за овој конкурс, надлежното Министерство за Култура, Заменик претседателката на Владата на Република Северна Македонија за Добро управување, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија, да ги преиспитаат постапувањето и одлуките одлуките на Агенцијата за Филм во овој конкурс и да преземат соодветни мерки во рамки на нивната надлежност;
- Владата преку надлежното Министерство за Култура и Агенцијата за Филм да воспостават правила и процедура за проценка на ризиците од судирот на интереси како и назначување на лице за спроведување на систем за управување со истите;
- Владата преку надлежното Министерство за Култура да воспостави спроведување на систем на санкции за непочитување на правилата со кои се управува судирот на интереси.