Почетна / Насловна / Настани / Предавање со светски познатите уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ
Предавање со светски познатите уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ
— 4 април, 2023
Вечерва, со почеток во 19 часот во Музејот на современа уметност, ќе одржат предавање светски познатите уметници Дан и Лиа Пержовски, уметнички тандем, чии цртежи се наоѓаат на ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен. Тие за првпат доаѓаат во Музејот на современата уметност – Скопје и ова е исклучително ретка можност да се сретнат овие уметници коишто ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес.
Влезот е слободен за сите оние кои сакаат да ја искористат оваа ретка можност да ги запознаат одблиску овие уметници. Предавањето се реализира во рамките на Интердисциплинарната програма на МСУ – Скопје.
На 6 април во 12 часот во МСУ – Скопје, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат и работилница на тема „Цртање, разговарање и споделување“.
Ден Пержовски е светски познат автор кој го користи цртежот преку бројни форми, цртежи на ѕид, цртачки перформанси, активистички цртеж, уметнички книги, проекти изведени во јавен простор, печатење и независно издаваштво. Пержовски преку своите цртежи, ја адресира важноста на бројни општествени теми, како што се актуелните воени, финансиски и мигрантски кризи, проблемите поврзани со комуникацијата денес, политичките уредувања, како и прашања поврзани со современата уметност.
Пержовски го трансформираше цртежот во медиум за информации и политички коментари. Изразувајќи сложени идеи преку брзо направени цртежи, инсталациите на Дан сугерираат како уметноста, или уметничкиот цртеж може да биде ангажиран.
Дан најчесто ги создава своите цртежи во светски познатите музејски простори, како оние во Музејот на модерна уметност во Њујорк, каде што ги создаваше пред очите на посетителите. Друга изложба на Пержовски пак е нацртана на ѕидовите од португалска банка и се состои од стрип цртежи, кои се однесуваат на повеќе европски прашања како што е прифаќањето на Романија во ЕУ и легализацијата на абортусот во Португалија. Неговата работа ги одразува, над се, човечките прашања, и општествените односи.
Пержовски има реализирано бројни самостојни изложби во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн. Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарта, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија.
Лиа Пержовска е истражувачка, уредничка и концептуална уметница. Таа е основач на неколку платформи и институции како „CCA“ – архивата за современа уметност Букурешт и „КМ“ – Музејот на знаењето, како и „TSK“ – Телескопскиот простор на знаењето. Лиа Пержовски има реализирано самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт, Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Париз, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…