Култура

Подготовка на јубилејната изложба 105 години Требениште

Во Народниот музеј на Србија во Белград, од 20 до 22 март е одржана работна средба на тимовите за организација на ексклузивната јубилејна изложба “105 години Требениште”. Претставниците од НУ Археолошки музеј на Македонија, Народниот музеј на Србија и НАИМ при БАН, работеа на подготовката на каталогот но, и на други организациски и конзерваторски активности, поврзани со организирање на следната изложба, која треба да се одржи во Археолошкиот музеј во Софија оваа година.

Во рамките на средбата, директорите на трите национални институции ги потпишаа и потребните договори за реализација на следната фаза од овој проект, исклучителен по својата важност за македонската, балканската, но и европската археологија.

Фотографиите се преземени од ФБ страната на НУ Археолошки музеј на РС Македонија

Автор: