Електронското издание за македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век
— 3 март, 2023
Деновиве е објавено електронското издание на книгата, Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век). Книгата е резултат на истражувањето на дипломирани и тековни студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ – Скопје, во соработка со професорката Калина Малеска, како уредничка на книгата. Авторите и авторките на поглавјата напишаа кратки осврти за творештвото на избраните писатели и писателки напишани од 2001 до 2020 година. Идејата беше да се опфатат што поголем број на писател(к)и од овој период и со тоа да се поттикне преиспитување на самиот концепт на канонот. За да се постигне оваа цел, се планира книгата да се прошири во наредните години и да има и второ издание. Книгата е самостојно издание во електронска верзија и може да се види и преземе на следниов сајт:
https://sites.google.com/view/kon-tekstot/