Стартува „Берлинале“ на кој ќе бидат прикажани близу 400 филмови
— 16 февруари, 2023
Денеска во Берлин, ќе биде отворен 73. Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“, со шо фестивалот ќе се врати во неговиот вообичаен термин, како што беше пред две години, кога се помести терминот заради корона ограничувањата. Годинава ќе бидат прикажани околу 400 филмови, во следните десет дена заклучно со 26 февруари. Годинешното изние на „Берлинале“ ќе биде во знакот на поддршката за народот на Украина и Иран во услови на продолжување на војната и превирањата што се случуваат на тие простори.
На отворањето е најавен и украинскиот претседател Володимир Зеленски кој треба да се обрати со видео порака.
Американската глумица Кристен Стјуарт, позната по филмот „Самрак“, го предводи овогодишното меѓународно жири.
Оваа година, на Фестивалот во главниот град на Германија „завесата ќе ја крене“ комедијата „Таа дојде кај мене“ на режисерката Ребека Милер, со Џеред Лето и Ен Хатавеј во главните улоги. Вкупно 19 филма се натпреваруваат за наградите „Златна“ и „Сребрена мечка“, вклучително и шест остварувања режирани од жени. Заедно со оние во Кан и Венеција, „Берлинале“ е еден од најголемите светски филмски фестивали.