Салман Ружди објави нов роман, шест месеци откако беше нападнат со нож
— 11 февруари, 2023
Британскиот автор Салман Ружди, во вторник ќе го објави својот нов роман “Град на победата”, шест месеци откако беше нападнат со нож во Њујорк. Романот е „епска приказна“ за жена од 14 век која му пркоси на патријархалниот свет за да владее со градот, т.
Романот е напишан пред нападот со нож, кој се случил во Њујорк, во кој писателот за малку ќе го загубел својот живот. Романот кој се чини како превод на историски еп, оригинално напишан на санскрит, кој ја раскажува приказната за младото девојче сираче, Пампа Кампани, кое добило магични моќи од божицата и која го основала градот Биснаг во денешна Индија, што во превод значи Град на победата.
Неговото ново дело ја следи хероината во мисијата „да им даде на жените еднаква слобода на дејствување во патријархалниот свет“, се вели во синопсисот на издавачот Penguin Random House.
„Во текот на следните 250 години, животот на Пампа Кампана станува длабоко испреплетен со животот на градот Биснаг, буквално од сеење на магични семиња од вреќа до трагичната смрт на најчовечкиот начин: поради дрскоста на оние што се на власт“, се додава.
Романот завршува со изјавата: „Зборовите се единствените победници“.
Роден е во Бомбај, Индија1947година, во муслиманско семејство од средната класа. Неговиот татко се здобил со образование во Англија, па и самиот Ружди го завршил своето образование таму. Во 1964 година неговото семејство се преселило во Пакистан во текот на муслиманскиот егзодус за време на војната меѓу Индија и Пакистан. По дипломирањето (1968) работел во Пакистан, во телевизија, а потоа се занимавал и со глума и рекламирање.
Својот писателски поход го започнува со романот Гримус во 1975 година, кој претставува своевидна научно-фантастична приказна. Насловот на романот претставува анатрам од зборот симурт, што означува премудра прица од предисламската персиска митологија. Овој роман во најголем број на случаи помина незабележан кај читателската публика и критика, иако во него се содрчат голем броја на одлики од подоцнежната Руждиева проза. Сепак неговата следна новела, Деца на полноќта (1980), ќе го промовира како голем литературен автор, а самата книга ќе остане запаметена кај критичарите како можеби најдобра до денешни денови. За оваа книга подоцна ја добил Букеровата награда. Поради успехот на оваа книга, Ружди е приморан да ја напушто Индија поради заканите кој му се наметнуваат. Овие настани му носат голем публицитет и солидна продажба на книгите. Во такви услови го пишува романот Срам (1983), во кој со помош на историјата на едно семејство, дава слика за Пакистан. За овој роман во Франција, Ружди добива Награда за најдобар странски писател. Автор е и на уште десетина дела.
Во вторник романот ќе излезе во САД, а во четврток во Британија. Ружди (75) нема да го промовира својот 15-ти роман поради неговата здравствена состојба, иако неговиот агент Ендрју Вајли за „Гардијан“ изјави дека „закрепнувањето напредува“.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…