Дарко Спасов в.д. директорот на „Комедија“ поднесе оставка
— 17 февруари, 2023
Директорот на театарот „ Комедија“, Дарко Спасов поднесе оставка, поради, како што вели тој, од лични причини.
– Депонирав неотповиклива оставка во Министерството за култура на функцијата директор на театарот “Комедија“. Оставката е од лични причини. Останувам да работам во театарот како драматург. А, како директор, театарот го оставам во одлична финансиска кондиција, со полна каса, кажа Спасов.
Од Министерството за култура кусо ни одговорија дека треба да назначат нов в.д. директор на „Комедија“ и во исто време да ја прифатат оставката на Спасов.
Дарко Јан Спасов, стапи на функцијата директор на „ Комедија“, од август, минатата година. Претходно, кон средината на јануари 2022 беше назначен за в.д. директор. Тој дојде на местото на Магдалена Ризова- Черних, која кратко време беше в.д. директорка.
Со одлука на министерката за култура, тогаш во заминување, Ирена Стефоска, Спасов беше поставен за в.д. директор,откако ансамблот на „ Комедија“, побара од Министерството за култура тој да ја врши оваа функција.