Сојузот на музички уметници на Македонија избра ново раководство
— 27 декември, 2022На изборното собрание на Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ), кое се одржа на 17 декември во Кинотеката на Република Северна Македонија, беше избрано новото раководство на СМУМ.
За претседател на Управниот одбор на СМУМ, кој воедно е и претседател на СМУМ, повторно е избран проф. м-р Љубиша Кировски. Членови на Управниот одбор се и Бранко Павловски, Страшо Темков, Даница Стојанова, Горан Начевски, Александра Коцевска и Даниел Апостолов.
Членови на Надзорниот одбор се Васил Атанасов, Јасна Аврамовска и Весна Ангелова. За претседател на Собранието на СМУМ е избрана проф. д-р Ана Гацева.
Во новиот мандат раководството ќе биде фокусирано во одржување на континуитетот на фестивалот „Златна лира“ и циклусот концерти „ПроМузика“, а особено внимание ќе биде посветено на збогатувањето на концертниот живот, соодветната валоризација на трудот на музичките уметници од сите генерации, како и нивна промоција во државата и надвор од неа.