Култура

„Најсреќниот човек на светот на Митевска не влезе во потесната листа за номинација за „Оскар“

Македонскиот кандидат „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска не влезе во потесната конкуренција за номинација за Оскар за најдобар странски филм.

Академијата за филмска уметност и наука во Лос Анџелес, која ги доделува најпрестижните филмски награди, ги скрати листите за номинација во десет категории, при што ги избра и 15-те филмови кои продолжуваат да конкурираат за Оскар за најдобар странски филм.

Меѓу нив се истакнуваат „Бардо“ на славниот мексикански филмаџија Алехандро Гонсалес Ињариту и германскиот фаворит „На запад ништо ново“. Во потесната конкуренција влегоа и претставниците на Данска, Франција, Австрија, Полска, Камбоџа, Јужна Кореја, Белгија и Аргентина.

„Радосна земја“ (Joyland) е првиот пакистански филм која дошол олку блиску до номинација за Оскар, а „Последната филмска претстава“ (Last Film Show) е првиот индиски филм по повеќе од 20 години кој влегол во потесната конкуренција.

„Најсреќниот човек на светот“ имаше светска премиера на годинашниот фестивал во Венеција и потоа се прикажа и во Торонто.

Автор: