Почетна / Насловна / Став / Последната станица на надежта или еднооката катастрофа
Последната станица на надежта или еднооката катастрофа
— 19 април, 2022
(Кон претставата „Треска“ по текст и режија на Жига Дивјак, и во продукција на Словенскиот Младински театар, во копродукција со steirischer herbst ’21 и „Маска“ од Љубљана. Улоги: Вито Вајс, Грегор Зорц, Драга Поточњак, Дамир Авдиќ, Мина Палада и Маја Сара Ангер)
Катастрофичноста на планетата земја е негативна тенденција која се развива многу бавно правејќи го човечкиот живот маченички. Но, таа промена тргнува и завршува кај човекот. Глобалниот суицид воден од профитот и енормната лакомост веќе е длабоко навлезен во човековите духовни процеси кои подразбираат и социјална, но и политичка ранливост и деструктвиност. Јувал Ноа Харари вели дека „сите живееме заедно на една планета, која е загрозена од нашите сопствени постапки. И ако немате некаква глобална соработка, национализмот едноставно не е на вистинското ниво за да се справи со проблемите, без разлика дали се тоа климатски промени или технолошки нарушувања.“ Жига Дивјак со оваа претстава зборува токму за погубната есенција на човековите постапки. Она што прво паѓа в очи кога ја гледаме оваа претстава е иновативниот режисерски приод на овој млад и талентиран режисер. Неговата режија кореспондира со фактографијата на ниво на нуклеарно соединување. Тој го завртува фактотумот на темата за климатските промени во насока на еден многу необичен „хибрис“ од каде што актерите одигруваат скриени ликови во значењата на погубните податоци за постепеното уништување на планетата. Во претставата се користени текстови од книгите на „Помалку е повеќе: како растењето ќе го спаси светот“ на Џејсон Хикл, „Како да се разнесе нафтоводот“ на Абдреас Малм, „Министерството за иднината“ на Ким Стенли Робинсон и „Напријателската земја: животот по загревањето“ на Дејвид Валас Велс, додека режисерскиот концепт го отвора гротлото на ужасот преку вовлекувањето на актерската енергија во веќе изгореното ткиво на човековата недоумица. Дивјак не се одлепува од системот на расправа, на деконструкција и повторна реконструкција на човековиот морал, но се залепува за страста со која човекот се обидува да го уништи своето единствено живеалиште во исто време обидувајќи се да го спаси од самиот себе.
Дослухот со природата е недостижниот Авалон кој е и визуелниот, но и филозфоскиот аспект на претставата, додека надежта лежи во врвовите на емотивнниот флукс. Катастрофата е тесногледа интенција, и затоа ја нарекувам едноока, додека надежта е потполно слепа. Таа слуша и се провлекува тивко со големо предупредување. Затоа актерските пероналитети во оваа претстава излегуваат од публиката каде што актерите се придржуваат уште од самиот почеток. Режијата на Жига Дивјак навлегува и во допирите и во мирисите и во целата емотивна констелација на публиката токму преку присуството на актерите меѓу неа. Сместена во простор кој дише со пластика и геометриски добро исцртан колорит, овој режиски концепт е иновативен на ва плана: фактографијата и толкувањето. Фактите врз кои е градена целата претстава се и испишани и одиграни, додека толкувањето на тие факти се конвертирани во емотивната гама на самите актери. Она што во дваесет и првиот век во театарот значи раскажувањето како естетизирана дистанца која повлекува црта во поимањето на театарскиот знак, кај Жига Дивјак се реинсталира како субјективизирана аргументација на дејствието, додека толкувањето станува изразно средство дисеминизирано во зависност од развојот на дејствието. Дивјак инситира на дејствие кое произлегува од актерскиот и режискиот став, но инсистира и на значенаскиот конструкт, кој пак, од друга страна е оној раскршен симпатички мост до публиката. „Треска“ говори за многу климатски катасрофи, но зборува и за нивното прелевање во сите полиња на човековиот интерес. Овде не смееме да заборавиме дека човекот сакајќи да го спаси светот се повеќе го уништува. Претставата говори за остатоците од човековата лакомост, за погубноста на профитот, за губењето на флората и фауната и со голема емотивност зборува за рушењето на природните процеси иницирано од човековиот рушителен инстинкт.
Феноменолошкиот аспект на „Треска“ лежи токму во нус појавите од климатските примени. Актерите говорат за човечката деструкција како за начин на живот, за изумирањето на видовите како за неминовност, додека за човековото духовно кастрирање како за последица. Во оваа претстава онтолошката инциденца е земена само како пример, како мал лакмус од кој избива голема експлозија, а таа експлозија се гледа во сјајот на очите на сите пет актери кои ги провнуваат овие горливи проблеми низ себе и од тоа прават актерски бравури. Вито Вајс, Драга Поточњак, Грегор Зорц, Дамир Авдиќ, Мина Палада и Маја Сара Ангер ја метаболизираат целата човечка несреќа во своите извонредни актерски партии. Тие ја одигруваат катастрофата низ судбинските кондензати градејќи ликови кои ги имаат до нив, а тоа сме ние. Излегуваат од нас затоа што и ние се препознаваме во сите нивни микро и макро интерпретации. Емотивно, со голема посветеност, овие пет сјајни актери и актерки доловуваат еден свет за чија свесност сите ние плаќаме исклучително висока цена.
„Треска“ се случува во простор исполнет со цветови налик на ливада која полека, но сигурно се изгазува и овенува. Сценографијата на Игор Васиљев отелотворува еден свет што се изнемоштува од постепеното забавување на неговите процеси, што се разјадува од континуираното понижување на неговиот идентитет, но и свет кој потонува во очај и безизлез. На тоа се надоврзува и сјајната музичка илустрација на Блаж Грацар чии предупредувачки конотации се незаборавни, а секако, ќе ја споменеме и костимографијата на Тина Павлович која ги потцртува современите визулени констелации делувајќи консонантно со целиот визуелен портрет на претставата. Во претставата се зборува и на словенечки, но и на англиски и на босански јазик и со тоа и лингвално се доловува универзланоста на проблемот со климатските промени и глобалното дестабилизирање на целата планета.
Оваа претстава обилува со факти кои се и испишани на листови хартија кои стојат над нас, а генералната географија на оваа претстава не препознава меридијани. Жига Дивјак не потсетува дека овој проблем кој се случува насекаде многу сериозно работи сите земјишни топоними да се заменат со „никаде“. Глобалното затоплување има и политички и општествени, но и социјални прерогативи. Тоа не е природен процес, тоа е грозоморна појава која зема замав многу побрзо отколку што очекуваме, така што како киклопот Полифем и пештерата во која што живее надвор од сите цивилизациски системи ние за кратко време ќе се навинеме се она што го гледаме да го загледуваме со едно затворено око затоа што другото нема да можеме да го отвориме од низа здравствени причини. Малата ливада со цветови во „Треска“ е последната станица на надежта за која и режисерот и актерите ни покажаа дека не треба многу за да ја претвориме во депонија и смрдеа, а таму нема да можеме да го населиме ниту нашиот патриотизам, ниту нашиот национализам, ниту пак нашиот одамна заборавен алтруизам.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…