„Кода“ е прогласен за најдобар филм на годината на вчерашната церемонија на доделувањето на „оскарите“ во Лос Анџелес. Филмот за лицата со оштетен слух триумфира на годинашните „Оскари“, со три номинации и освоени „оскари“ во сите три категории. Драмата на „ЕплТВ+“, купена од филмскиот фестивал „Санденс 2021“ за рекордни 25 милиони долари, стана првиот филм од стриминг-платформа што ја освои наградата. Станува збор за римејк на францускиот филм „Семејството Белиер“, кој се фокусира на единствениот член со слух во семејство со лица со оштетен слух. Вил Смит го доби својот прв „оскар“, освојувајќи го за најдобрата машка улога за улогата на таткото на Венера и Серена Вилијамс во филмот „Кралот Ричард“. Наградата за најдобар режисер ѝ припадна на Џејн Кемпион за психодрамата „Моќта на кучето“, единствената победа за филмот што беше на врвот на групата со најмногу номинации.
Џесика Честејн беше прогласена за најдобра актерка за телевизискиот биографски филм „Очите на Тами Феј“, што беше нејзина трета номинација и прва победа. Филмот ја освои и единствената друга награда за која беше номиниран, за најдобра фризура и шминка. Аријана де Боз беше прогласена за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во римејкот на Стивен Спилберг на „Приказна за западната страна“. Таа стана првата квир-жена и само втората Латиноамериканка што некогаш добила „оскар“. Кај мажите во оваа категорија, „оскарот“ отиде во рацете на Трој Коцур за „Кода“, а тој е вториот актер со оштетен слух што добива „оскар“. Кенет Брана ја доби златната статуетка за најдобро оригинално сценарио за неговата полуавтобиографска драма „Белфаст“. – Ова е голема чест за еден неверојатен град – рече тој за наградата, негова прва победа од осум номинации.
Подоцна, кога ја доби наградата за најдобар актер, Смит се извини поради неговото однесување.
„Вози го мојот автомобил“, кој беше првиот јапонски филм што беше номиниран за најдобар филм, беше прогласен за најдобар меѓународен игран филм. За најдобар анимиран филм беше прогласен „Енканто“, а „Кралицата на кошарката“ го доби „оскарот“ за најдобар краток документарен филм. За најдобар долгометражен документарен филм, „оскарот“ го доби „Лето на соулот“. Британската двојна оскаровка Џени Биван победи и за нејзината костимографија во „Круела“. Церемонијата ја водеа Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс. Ноќта започна со екстравагантен настап на Бијонсе, пеејќи ја нејзината песна за филмот „Кралот Ричард“ номинирана за „оскар“. Но наградата за најдобра оригинална песна им припадна на Били Ајлиш и нејзиниот брат Финиес за нивната песна „No Time to Die“. Ова е трета песна од филмовите за Џемс Бонд што освојува „оскар“ по Адел и Сем Смит.
– Сакам да ѝ се извинам на Академијата, сакам да им се извинам на моите номинирани колеги… уметноста го имитира животот. Изгледам како лудиот татко, исто како што велеа за Ричард Вилијамс, но љубовта те тера да правиш луди работи – изјави тој.
Листа со категории и номинации: Најдобар филм
„Белфаст“ „Кода“ – ПОБЕДНИК „Не гледај нагоре“ „Вози го мојот автомобил“ „Дина“ „Кралот Ричард“ „Ликориш пица“ „Алејата на кошмарот“ „Моќта на кучето“ „Приказна од западната страна“
Најдобра актерка во споредна улога
Џеси Бакли, „Изгубената ќерка“ Аријана де Бозе, „Приказна од западната страна“ – ПОБЕДНИК Џуди Денч, „Белфаст“ Кирстен Данст, „Моќта на кучето“ Онџану Елис, „Кралот Ричард“
Најдобар актер во споредна улога
Киран Хајндс, „Белфаст“ Трој Котсур, „Кода“ – ПОБЕДНИК Џеси Племонс, „Моќта на кучето“ Џ.К.Симонс, „Да се биде Рикардо“ Коди Смит-Мекфи, „Моќта на кучето“
Најдобар странски филм
„Вози го мојот автомобил“ – ПОБЕДНИК „Бегство“ „Божјата рака“ „Лунана: Јак во училницата“ „Најлошата личност на светот“
Најдобар анимиран филм
„Енканто“ – ПОБЕДНИК „Бегство“ „Лука“ „Мишел наспроти машините“ „Раја и последниот змеј“ Најдобра песна
„Be alive“ од „Кралот Ричард“ „Dos Oruguitas oд “„Енканто“ „Down to joy“ од „Белфаст“ „No Time To Die“ од „Нема време за умирање“ – ПОБЕДНИК „Somehow You Do“ од „Четири добри дена“
Најдобро адаптирано сценарио
„Кода“ – ПОБЕДНИК „Вози го мојот автомобил“ „Дина“ „Изгубената ќерка“ „Моќта на кучето“ Најдобро оригинално сценарио
„Белфаст“ – ПОБЕДНИК „Не гледај нагоре“ „Кралот Ричард“ „Ликориш пица“ Најдобар актер во главна улога
Хавиер Бардем, „Да се биде Рикардо“ Бенедикт Камбербач, „Моќта на кучето“ Ендрју Гарфилд, „Тик, тик…бум!“ Вил Смит, „Кралот Ричард“ – ПОБЕДНИК Дензел Вашингтон, „Трагедијата на Магбет“
Најдобра актерка во главна улога
Џесика Честејн, „Очите на Тами Феј“ – ПОБЕДНИК Оливија Колман, „Изгубената ќерка“ Пенелоп Круз, „Паралелни мајки“ Никол Кидман, „Да се биде Рикардо“ Кристен Стујарт, „Спенсер“
Најдобар режисер
Кенет Брана, „Белфаст“ Рјусуке Хамагучи, „Вози го мојот автомобил“ Пол Томас Андерсон, „Ликориш пица“ Џејн Кемпион, „Моќта на кучето“ – ПОБЕДНИК Стивен Спилберг, „Приказна од западната страна“
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…