(Кон претставата „Се уште без наслов“ по текст на Симона Семенич во режија на Томи Јанежич во продукција на Словенско Младинско гледалишче, Љубљана. Гл. улоги: Неда Р. Бриц, Даша Доберчек, Томи Јанежич, Наташа Кецер, Борис Кос, Мирјана Медојевиќ, Ања Новак, Драга Поточњак, Матеј Рецер, Блаж Шеф, Даниел Деј Шкуфца, Стане Томазин, Матија Вастл.)
Експериментот во театарот е неопходен. Затоа и го нарекуваме театарска уметност. Осаменоста во досадната самобендисаност резултира со негово контамириање од дилентантизам криејќи се зад платичен „реализам“ и за жал, тој театар веќе не смее да се нарекува со тоа име.
Истражувањето на сцена е континуирана реинкарнација на театарската имагинативност и на безбројните можности што ги овозможува времето и просторот, неговите алфа и омега, неговите две координати: хоризонтална (текст и драматиргија) и вертикална (режија и актерска игра). Лакмусот на театарската претстава има собитие на никогаш непробан вкус, никогаш непочувствувана состојба, никогаш неосвоен простор и никогаш нераскажана приказна. Во таа насока сосема се ирелевантни гломазните или минималистичките потези, тие стануваат само изрази кои се наметнуваат самите по себе следејќи ја динамиката меѓу редовите на драмскиот текст, дури кога е тој само мотив, само предлошка.
Претставата „Се уште без наслов“ пулсира меѓу еклектиката на стереотипот и дисперзираната филозофија на мултизначноста. И во драматуршка и во режиска смисла. Оваа претстава трае девет часа. Режисерот кој исто така е на сцена или зад сцена заедно со своите актери многу децидно ни објасни дека претставата не е намерно издолжена за да ја тормози публиката, ниту да пласира некаква екстравагантност, туку да понуди варијанти на промислување на митската иконокластика на љубовта. Секако, во прв план е структурата на Дон Жуан на чиј мотив се навраќа иреверзибилно и дијахронички. Неколку траектории се наметнуваат како наследни варијанти на митот за Дон Жуан, а тоа се: љубовна приказна која завршува трагично, обидот на жена во зрели години да ја почувствува љубовта на оној начин како кога била млада, и настојувањето на млада жена да го врати својот брак вом колосек и да ја отрфли здодевноста на секојдневието како замена за првичната љубов која во многу случаи со години исчезнува. Режисерот низ овие неколку блокови исцедени од различните промисли на љубовта се појавува како апологет, како рационален еквилибрист кој илузијата на четвртиот ѕид ја коментира како симбол, а не како неопходност. Секако, четвртиот ѕид во ововременскиот театар одамна не е неопходност, но неговото индуктивно размислување поставува една многу интересна позиција за која е потребна дополнителна студија, а тоа е позицијата на неименливиот во татарот. Таа мисла ме вознемируваше за време на сите девет часа додека претставата си поигруваше со симпатичкиот мост и со „реалистичниот“ концепт на раскажувачките пасажи врз кои почива голем дел од неа. Томи Јанежич беше неименливиот, оној паметен „робот“ или „телефон“ или „лаптоп“ или едноставно „суштество“, амалгам меѓу актерот и гледачот, нешто што се обидувате како гледач да го отелотворите, а не можете да му го најдете името, не знаете како да го наречете. Тука ја гледам логиката за насловот кој е „Се уште без наслов“. Новите театарски струења најнакрај го наоѓаат својот наслов затоа што времето се уште не ги кондензирало нивните каузалитети, не ги сублимирало нивните заклучоци и се што гледаме во трендот на тој раскажувачки театар е благотворен процес кој е широко разгранет и како таков е бескрајно интересен.
Како Дон Жуан се измолкнал од урбаниот колективитет каде љубовта е конзумерски алоритам и се што не е секс и первертност останува заклучено во книги кои никој не ги чита? Да се потсетиме, Дон Жуан станува синоним за за сводник и измамник и како таков се соочува со пратениците на пеколот завршувајќи некаде … Каде? Во која гама, во кој имагинативен простор? Многу е првична помислата за неговата средба со смртта како што наведуваат Молиер, Тирсо де Молина, а како што сатирично инклинира Бајрон. Томи Јанежич во оваа претстава тргнува од една фантастична премиса, а тоа е: „Флертот е нјанеопходниот зачин на дваесет и првиот век.“ Неговата претстава на еден оригинален начин го расчленува митот за Дон Жуан можеби на начин како што тоа го направил Шо во третиот дел од „Човек и натчовек“, во најиграниот негов дел „Дон Жуан во паколот.“ Сите наративни нитки погоре спомнати се вгнездуваат во оваа масивна драматургија која пулсира и се модифицира во различни системи на флертување. Индикативна е сцената во која младиот брачен пар се обидува да воспостави накеков флуид меѓу себе и сите тие варијанти се неуспешни токму заради флертувањето кое меѓу нив станува еден флуиден натрапник, додека во сцената каде што се истржува трагичното убиство на млада девојка жртва на љубовна афера флертот е субординарен амалгам од кој земаат сите актери раскажувајќи свои приказни и повремено развивајќи ги во сцени полни со страст и горчина. Тие сцени стануваат стипулативно поврзани и имате чувство дека следите неколку приказни истовремено и дека вашата перцептивна моќ како гледач трпи голема пресија. Но, тоа е таа нова, се уште неистражена илузија во театарот на „Се уште без наслов“. И ономастички, овој наслов е вистинско прилагодување за она што оваа претстава го нуди, а тоа се варијанти кои се последователни варијанти на себе, на своите отворени дилеми и неспокои.
Точно така, Дон Жуан е и симбол на неспокојот во љубовта. Не на конзумерскиот дилетантизам кој го носи порнографијата и промискуитетот, туку на стремежот да се дефинира сензуалноста и да се најде вистинскиот камен каде ќе се застане и ќе се љуби до крај без некој да гледа од зад аголот. Карлос Кастанеда токму во „Учењето на Дон Жуан“ вели дека: „За мене единствени се патиштата кои имаат срце, и дека единствениот предизвик вреден за тоа е да се помине целиот тој пат – и тогаш јас патувам гледајќи без здив но неговата далечина.“ Томи Јанежич ја истражува токму таа далечина, тој хоризонт на сурово естетизирана матрица во која напнатоста на Тирсо де Молина и реториката на Молиер се промешуваат низ една интимна конспирација на актерите со ликовите кои ги играат (тие ликовите самите ги типизираат и ги вмрежуваат во своите животни искуства) и двата генерални наративи на оваа претстава пулсираат точно по чекорите на Тирсо де Молина, во една атмосфера на топло- ладно во која се вмешува и самиот режисер. Интимно, додека ја гледав претставата се прашував каде е сондата на режисеровата повремена интерференција? Дали жанровкиот флерт кој тој го воспоставува ја зафрлува приказната во страна обидувајќи се да дисеминизира само некои нејзини елементи или се работи за т.н. компримирање на фикцијата во прилог на театарската емпирија која толку тврдоглаво ни ја донесуваше Пирандело пред носот со сите оние пиеси кои го имаа за тема токму театарот. Тие два наративи од кои едниот е поврзан со густината на мотивите „љубов“ и „заведување“, а другиот со филозофските апологии на самиот Дон Жуан се координатата околу која е изградена спиралата на претставата „Се уште без наслов“. Имено, додека пред нашите очи се одвиваат голем беој на варијации на тема „љубов“, „заљубување“, „заведување“ и додека тие прераскажани љубовни приказни многу често завршуваат со смрт или генерално со трагичен крај низ сцените се провлекува млад брадест младич за кој имате чувство дека е една од епизодите и проговорува по некоја духовита реплика која значи завршување на првиот дел или повремено го исфрлува дејствите од колосек барајќи начин да објасни дека оваа негова епизодна улога баш и не е епизодна. Стане Томазин е актерот кој кардинално го отвора ликот на Дон Жуан од тивко приспомнување на своја актерска желба, до длабоко ископување на основните причини зошто под заводливоста на Дон Жуан се крие една чудна, машка трагична вина која го минимизира машкиот принцип и од него прави емотивен пустиник, номад без дом и огниште.
Стане Томазин ликот на Дон Жуан го модифицира во прототип на антихерој, што е една подземна струја меѓу редовите и на Тирсо де Молина и на Молиер. Оваа актерска (и режисерска студија) е една модерна интепретација на еден помалку познат аналитичар на овој мит, Хозе Сорилја и Морал. Сорилја го симнува Дон Жуан од благородничкиот пиедестал и го отвора како обичен човек кој не се бори со чудовишта и моќници, не е херој кој заведува и измамува, не е човек кој се огрешува кон светиот дух, туку е човек кој отвора еден делириумски фронт кон оној другиот човек, онаа друга машка провиниенција на која целиот живот сакал да ја докаже својата машкост, својата доминација, својата умешност. Сорилја овој аспект на Дон Жуан го гради по еден (за тоа време напредна) романтичарски рецепт оставајќи место за трансформирање во некои други цивилизациски констелации. Аспектите на желбата да се биде Дон Жуан и свесноста дека тоа е практично невозможно во оваа пренапната сегашност Стане Томазин ги игра со една многу едноставна актерска рационалност. Неговите анализи и обиди „да се биде Дон Жуан“ започнуваат од приватна и интимна исповед за тоа што тој би направил кога би бил Дон Жуан. Ова одлично кореспондира со уште едно временско апострофирање на овој мит од страна на Бернард Шо кој како и Томи Јанежич повеќе од еден век по него Дон Жуан го сместува во драматуршката предлошка „Човек и натчовек“ за која респектабилниот драмски аналитичар Чарлс Берст вели дека „чинот „Дон Жуан во пеколот“ е и надворешен и во исто време централен на драмата што ја опкружува. Тој е во некои аспекти дигресија и работи на поинаков начин од останатиот дел на материјалот, а голем дел од тој предмет е веќе имплицитен во останатиот дел од претставата.“ Се чини како Берст да ја предвидел и оваа претстава . Стане Томазин ја одигрува таа „дигресија“ низ пет сцени во кои неговиот Дон Жуан преживува вистински пекол, онаков каков што Шо реторички го дигестира во тој негов трет чин од „Човек и натчовек“ каде на самиот ѓавол му се спротивставува најмногу со својата длабоко фундирана човечност наспроти она што тој ист ѓавол го привлекло кај него – измамата. Дон Жуан на Стане Томазин не знае да лаже. Тоа го констатира и Томи Јанежич лично во неколку наврати влегувајќи во претставата и тоа потписникот на овие редови го доживеа како голема возбуда во целата претстава затоа што иако генерално, влегувањето на режисерот како релевантен дел во претсвата е на свој начин иновативно, неговиот метадијалог со актерот Стане Томазин и истовремено со ликот на Дон Жуан кој завршува со интригантна сцена под голиот фалус на актерот е антологиски. Она што е најинвентивно во оваа претстава е токму длабокиот спој на аналитичноста и интимната реторика вообличена во сцени кои звучат многу модерно и многу минималистички.
Кога сме веќе кај минимализмот „Се уште без наслов“ е претстава која минимализмот го растегнува и просторно и временски и тоа е уште една иновација во театарот на дваесет и првиот век. Стане Томазин од својот интимен Дон Жуан кој никогаш нема ниту да го одигра ниту да го одживее како што посакува прави извонреден лик на модерниот машки антихерој кој варијантите на половата и социјалната другост ги доживува како цивилизациски атак и врз личноста и врз идентитетот. Сјајна актерска креација која е една во илјада и носи неизбришлив впечаток кај гледачите. Незаборавна е неговата сцена во која потполно гол, неговиот Дон Жуан го бара својот женски примерок низ публиката и свесен дека го нема се устремува на режисерот барајќи објаснување кое со векови наназад го бараеле и Молиер и Тирсо де Молина, а кое повторно минималистички го парафразирал големиот Шо.
Другата наративна нитка, тавтолошки екстравертната парафраза на љубовните триаголници каде оној третиот е имагинативен субјект, ни навира како déjà vu, како одамна искусена емотивна авантура и се заради раскажувачкиот модус каде режисерот се инфилтрира како „режисер“, како оној кој ја води пробата. Тука, во тие простори на уште една минималистичка конвергенција, Томи Јанежич се обидува да го проблематизира театарот и како медиум и како уметност. Мудар потег кој како гледач прво го чувствувате, а потоа го рационализирате онолку колку што ви дозволува перцепцијата затоа што сите сцени се густо семантизирани и дејствијата се случуваат патралелно. Театарот што Томи Јанежич го проблематизира, не вовлекува нас како публика и просторно и суштински. Како се одвива дејствието, како сјајната Драга Поточњак многу искрено и емотивно го прераскажува своето искуство од флагрантните сцени на легендарната „Убавица и ѕвер“ на Иво Светина во режија на Душан Јовановиќ пред точно триесет години, претстава во која сексуалните сцени се крајно индикативни, а на сцената во тоа време се заколуваше вистинска кокошка и за првпат се појавуваа и еротски сцени меѓу двајца мажи и како машко-женските релации се сведуваа на сеќавања и неспокои, така Стане Томазин се враќа во својата улога на епизоден актер, така Матија Вастл, како мачо примерок необјасниво се повлекува од својата наметливост, така и другите актери и актерки за миг им откажуваат послушност на ликовите кои ги одигруваат само како прототипови, а месото и крвта им ги позајмуваат од своите животи и лични искуства, она што Мураками го нарекува во својот роман „1Q84“ „поместување на душата.“ Скоро пред крајот на претставата самиот режисер не успева да го совлада својот гнев и кршејќи ја масата каде што скршени седат сите актери, констернирано објавува дека: „оваа претстава нема катарза“ и дека враќајќи се назад кај својот лаптоп тој дефинитивно се предава на прерационализирањето на дистанцата „театар во театар“ и „крева раце од се“. Но, крајната консеквенца на сите сцени кои ги повлекуваа двете наративни нитки во оваа претстава ја потенцираат театарската „потсвесност“, онаа неконсеквентно растегната „реалност“ која ние интимно ја криеме се додека не ни ја открил Фројд, и која во институционална смисла е прецизно исцртан галиматијас со јасно определени цели: нов имагинативен опсег на театарската референцијалност. Затоа што сепак, театарот е референтен на реалноста и кога е пластичен и лош, и кога им го губи времето на гледачите, а и кога е имагинативно благороден и им нуди на оние кои го гледаат нови варијанти, нови искуства.
„Се уште без наслов“ е навистина продуктивно да остане „без наслов“, најмногу заради истражувачките сонди за кои Томи Јанежич парафразирано вели дека ќе се продлабочуваат, сите проби кои ќе се случат не само на импресивната и инспиративна засводена сцена на Младинско Гледалишче, туку и на било кој друг простор. Конечно, кога ќе го земеме во предвид времето, не можеме, а да не помислиме на компактноста и на органичноста на самата претстава. Оваа експлозија на мининализмот е детонирана од актерската енергија. Актерскиот ангажман на Неда Р. Бриц, Даша Доберчек, Томи Јанежич, Наташа Кецер, Борис Кос, Мирјана Медојевиќ, Ања Новак, Драга Поточњак, Матеј Рецер, Блаж Шеф, Даниел Деј Шкуфца, Стане Томазин, Матија Вастл е нејзиниот крвоток и тие ја одредуваат компактноста на овој исклучителен театарски настан каде девет часа се вистинската органика и ниеден атом од тој театар не е излишен, ниедна сценичка, ниеден емотивен миг, ниедна интимна историја.
„Се уште без наслов“ во практична смисла е големо театарско доживување и како човек кој стоел на сцена не можам, а да не го искажам своето воодушевување од силниот актерски набој, од сјајните изразни средства и секако, енергијата која толку многу ја споменував во оваа рецензија. Емотивните пасажи овие сјајни актери на крајот од претставата ги префрлија врз нас, врз публиката која станувајќи од седиштата после поклонувањето се измеша со нив, некако премолчано ги сподели и своите емотивни бури и … , би завршил со тоа дека Томи Јанежич можеби не бил во право во една работа, а тоа е дека претставата сепак има катарза и дека таа се случи во нас, во публиката и дека оваа претстава е едно од најголемите истражувања во овој век, едно откровение кое ги поместува понатамошните размислувања за театарскиот инструментариум овде и сега, секако не отстапувајќи од својот рафинман кој воодушавува и духовно реинкарнира.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…