Култура

Дигитализирани дела од композиторот Љубомир Бранѓолица

„Дигитализација и архивирање на партитурите од творештвото на композиторот Љубомир Бранѓолица“ е насловот на проектот којшто содржи 153 дела со сериозна музика и претставува само еден дел од творештвото на еден од најплодните македонски композитори. Ова е првиот чекор којшто следи во понатамошната дигитализација на останатите дела на овој композитор чија што бројка е близу 400 дела од областа на балетската музика, симфониски дела, камерни дела, оперска музика, мјузикли, солистички дела, камерни дела, дела од популарната музика, музика за деца, музика за филм, музика за театар и тн. Авторот на овој проект е Андреј Блажевски кој потенцираше дека ова претставува значаен потфат за трајно зачувување  на  делата на овој значаен композитор Љубомир Бранѓолица, со што ќе се намали ризикот  од нивното евентуално губење и уништување доколку останат само во хартиена форма.  Исто така, тој потенцираше дека точниот број на дела се уште не е познат, поради  тоа што одреден  број на дела не се воопшто изведени. Преку  дигитализација на  овој богат опус на музички дела, ќе се постигне нивното трајно зачувување, односно префрлање од хартиена првична форма во дигитална форма.

Дигитализираниот материјал е даден на Сојузот на композитори на Македонија и на Национална и универзитетска библиотека „Климент Охридски“,  Архив на МАНУ.

Поголем дел од творештвото ќе биде и прикачено онлајн и може да се најде на интернет платформата ISSUU или директно на следниот линк: (https://issuu.com/andrejblazevski1) .

Со поголема резолуција делата може да ги преземете од: 

https://drive.google.com/drive/folders/1ipi_yRpqvNMBN6F76XthAPI_0NDLUECK?fbclid=IwAR1p2eFwnTpMK_QiFJXhlLxNnBwIGAtLu2chr2RtjI_A-uPqOO03V6qZrDY

Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година.

Автор: