Култура

Авганистанскa режисерka бара поддршка од Меѓународната филмска заедница: „Нашата експресија ќе биде задушена во тишина“

Сахра Карими, првата директорка на јавната компанија за филм во Авганистан, во петокот упати отворено писмо „до сите филмски заедници во светот и до сите кои го сакаат филмот“. Во него таа упатува молба до сите членови на меѓународната филмска заедница да гo кренат гласоt во борбата против напредувањето на Талибанците во Авганистан.

Писмото беше објавено на твитер-профилот на Карими во петокот, на 13 август, два дена пред Талибанците да навлезат во главниот град Кабул.

„Јас сум Сахра Карими, филмска режисерка и моментална генерална директорка на јавната компанија за филм во Авганистан, единствената компанија во јавно сопствеништво, основана во 1968 година.

Гo пишувам ова со скршено срце и со длабока надеж дека ќе ми се придружите во заштитата на мојот прекрасен народ од Талибанците, особено на филмските работници. Во  изминативе неколку недели Талибанците добија контрола над многу провинции. Го масакрираа нашиот народ, киднапираа многу деца, убија жена поради облеката, продадоа жени како невести за нивните мажи, го измачуваа и го убија еден од нашите омилени комичари, убија еден од нашите историски поети, го убија раководителот за култура и медиуми на владата, убиваат луѓе поврзани со владата, некои од мажите јавно ги обесија, раселија милиони семејства. Во камповите има грабежи на бебиња  кои умираат поради недостаток на млеко. Ова е хуманитарна криза, а сепак светот молчи.

Се навикнавме на оваа тишина; сепак, знаеме дека е неправедна. Знаеме дека оваа одлука да се напушти нашиот народ е погрешна, дека ова брзо повлекување на трупите е предавство на нашиот народ и на сето она што Авганистанците го направија кога ја донесоа победата за западот во Студената војна. Потоа нашиот народ беше заборавен, што доведе до мрачното владеење на Талибанците. Сега, по дваесет години огромна придобивка за нашата земја и особено за помладите генерации, сѐ може да биде изгубено со ова напуштање.

Потребен ни е вашиот глас. Медиумите, владите и светските хуманитарни организации се молчаливи, како оваа ‘мировна зделка’ со Талибанците да била некогаш легитимна. Никогаш не беше легитимна. Фактот што беа препознаени им даде самодоверба да си ја вратат моќта. Талибанците го брутализираа нашиот народ за време на целиот период на преговорите.

Се’ за што сум работела напорно како филмска работничка во мојата земја најверојатно ќе пропадне. Ако Талибанците ја преземат власта ќе ја забранат сета уметност. Јас и останатите филмски работници може да сме наредни на списокот. Ќе ги одземат правата на жените, ќе бидеме турнати во мракот на нашите домови, нашиот глас ќе биде замолчен.

Кога беа Талибанците на власт, во училиштата немаше воопшто девојчиња. Оттогаш околу 9 милиони девојчиња одат на училиште. Во Херат, третиот по големина град, кој само што падна пред Талибанците, речиси 50% од студент(к)ите на универзитетите беа жени. Ова се неверојатните придобивки за кои светот едвај нешто знае. Само во последните две-три недели Талибанците уништија многу училишта и два милиони девојчиња се повторно избркани од училиштата.

Не го разбирам овој свет. Не ја разбирам оваа тишина. Ќе останам и ќе се борам за мојата земја, но не можам сама. Ми требаат сојузници како вас. Ве молам натерајте го светов да се грижи за она што ни се случува. Ве молам помогнете ни преку информирање на најважните медиуми во вашите земји за она што се случува овде во Авганистан. Бидете нашите гласови надвор од Авганистан. Ако Талибанците го преземат Кабул може да немаме пристап до интернет или до каква било комуникациска алатка. Ве молам ангажирајте ги вашите филмски работници и уметници да не поддржат со своите гласови.Оваа војна не е граѓанска војна, ова е прокси војна, ова е наметната војна и е резултат на зделката на САД со Талибанците. Ве молам, споделувајте го овој факт со вашите медиуми и пишувајте за нас на социјалните медиуми колку што можете повеќе.

Светот не треба да ни го сврти грбот. Потребна ни е вашата поддршка и вашиот глас во име на авганистанските жени, деца, уметници и филмски работници. Ваквата поддршка ќе биде најголемата помош за нас во моментов. 

Со почит,
Сахра Карими

Авганистански жени во 2015 година

 

Авганистански жени во 1970 година

Пред инвазијата на САД врз Авганистан во 2001, кога Талибанците владееја со земјата, на жените беше забрането учество во јавнот живот, училиштата беа забранети за девојчињата и нерелигиозната уметност беше забранета. Компанијата Авганистански филм е основана во 1968 година, иако филмската индустрија во Авганистан опаднала во 1990-ите по падот на комунистичката влада. Под талибанска власт уметноста е забранета.

Во последните две децении авганистанските фимски работници се истакнуваа на меѓунардната сцена. Филмот „Осама“ на Сидик Бармак во 2003 освои Голден глоуб за најдобар странски филм. Иранскиот режисер Мохсен Макмалбар со филмот снимен во Авганистан „Кандахар“ освои награда од жирито на Канскиот фестивал и беше вброен во 100-те најдобри филмови од 1923 според списанието „Тамј“. Краткиот филм „Бузкаши момчиња“ од 2012 беше номиниран за Оскар.

Последниот филм на Карими е „Хава, Маријам, Ајеша“, кој ја имаше премиерата во Венеција во 2019.

Извор: IndieWire

Автор: