„Златна палма“ за „Титан“ на Џулија Дикурно, француско-белгиска драма со секс и насилство
— 20 јули, 2021Филмот на Џулија Дикурно, Француско-белгиската драма-трилер „Титан“, ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал,којшто годинава се одржа два месеца подоцна, и стана втората режисерка што ја освоила најголемата награда на овој филмски фестивал, кој трае 74 години. Победата ја објави претседателот на жирито, американскиот режисер Спајк Ли, по грешка на среде програма, што накратко предизвика збунетост. Француската режисерка Дикурно не излезе на сцената да ја земе наградата, бидејќи го чекаше официјалното соопштение на крајот од церемонијата. На крајот, победата на „Титан“ ја објавија Ли и водителката на програмата, актерката Шерон Стоун. Во „Титан“ главните улоги ги толкуваат Винсент Линдон и Агата Русел. Филмот е опишан како необичен, полн со секс и насилство. Филмот, кој е втор во кариерата на француската режисерка, зборува за една млада жена која преживеала сообраќајна несреќа како дете, а подоцна во животот станува убиец и негува необична сексуална врска со автомобилите.На завршната вечер на италијанскиот режисер Марко Белочио, му беше доделена почесна Златна палма за неговата кариера, коешто беше дочекано со долги стоечки овации и аплаузи.
Режисерот на американскиот филм „Анет“, со кој се отвори Канскиот фестивал но и го отвори нашиот фестивал „Сандејс“, кој патем уште е во тек, Леос Каракс, ја доби наградата за најдобра режија, во кој глумат Адам Драјвер и Марион Котијар. Наградата ја примија браќата Рон Меел и Расел Меел од групата „Спаркс“, кои беа автори на музиката во овој мјузикл но и се ко-автори на сценариото.
Гран при на фестивалот беше доделен на иранската драма „Херој“ на Асган Фархади.и „Стан број шест“ на финскиот режисер Јух Куосманен. Наградата за најдобар режисер му припадна на Лео Каракс за фантастичниот мјузикл „Анет“. Најдобар актер, според одлуката на жирито, е Калеб Лондон Џонс, а најдобра актерка е Рената Реинсви за улогата во филмот „Најлошата личност на светот“. Хрватската драма „Мурина“ од Антонета Аламат Кусијановиќ ја освои наградата „Златна камера“ за најдобро деби.
Награда за најдобар краток филм ја доби Танг Ји од Хонг Конг, за All the Crows in the World. Во оваа категорија беше номиниран и нашиот „Северен Пол“ во режија на Марија Апчевска.