Почина Курт Вестергаард, автор на карикатурите на пророкот Мухамед
— 19 јули, 2021Курт Вестергаард, данскиот карикатурист, кој ја нацрта карикатурата на пророкот Мухамед, која предизвика бесни реакции меѓу муслиманите во целиот свет, починал вчера во 86-тата година од животот. Неговото семејство соопшти дека тој починал по долго боледување. Вестергард беше карикатурист во конзервативниот весник Јуландс-Постер уште од почетокот на 80-тите години од минатиот век.
Светска слава стекна со контроверзниот приказ на пророкот Мухамед. Неговиот цртеж од 2005-тата година, на кој во турбанот од пророкот беше нацртана бомба, беше еден од 12-те објавени во весникот, со фокус на само-цензурата и критика на исламот.
Карикатурите предизвикаа протести во Данска, чија влада прими демарши од голем број амбасадори од земјите со муслиманско мнозинство. Бесот кулминираше со масовни протести во февруари 2006-тата година низ муслиманскиот свет, при што беа нападнати амбасадите на Данска а повеќе десетици луѓе беа и убиени.
Карикатурите беа и повод за крвавиот напад во 2015-тата година во канцелариите на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, каде беа убиени 12 луѓе. Шарли Ебдо беше таргетиран, затоа што ги објави карикатурите.
Автор:
Слични статии
-
-
Почина познатиот хрватски писател Игор Мандиќ
14 март, 2022 -
ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ АКАДЕМИК ЛУАН СТАРОВА
25 февруари, 2022 -
Почина академик Радован Павловски, еден од најбрилијантните поети
23 февруари, 2022
Последни статии
-
Пет кратки филмови, пет женски визии во рамките на проектот „Кадар-на“
— 29 октомври, 2025Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
-
„Ди-џеј Ахмет“на режисерот Ѓорѓи М. Унковски го затвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“
— 28 септември, 2025Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
-
Отворено 46. ИФФК „Браќа Манаки“
— 21 септември, 2025Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
-
Вечерва во Битола ќе биде отворен 46. ИФФК „Браќа Манаки“
— 20 септември, 2025Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
-
„Силјан“ на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар“
— 9 септември, 2025Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
-
Дариус Конџи и Воли Фистер се новите лауреати на 46. ИФФК „Браќа Манаки“
— 9 септември, 2025Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
-
Во МКЦ вечерва се отвораат изложбите на Бојана Мандевска и на Филип Матевски
— 2 септември, 2025Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
-
Премиерната претстава на „Ангели во Америка“ ја отвора новата сезона на Македонскиот народен театар
— 31 август, 2025Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…












