Култура

Почина ерменскиот виртуоз Џијан Гаспаријан, познат и по музиката во „Гладијатор“

Ерменскиот музичар и композитор Џиван Гаспаријан, познат и како Господар на дудукот, почина на 92 години. Гаспаријан важеше за виртуозен изведувач на ерменската фолклорна музика, но исто така изведуваше разни жанрови, соработувајќи со истакнати музичари и оркестри како Ханс Зимер, Стинг, Питер Габриел, Брајан Ино, Лајонел Ричи,  Филхармонијата на Лос Анџелес.

 Работеше и на музика на филмови, меѓу кои: „Гладијатор“, „Сиријана“, „Крвав дијамант“. 0Гаспаријан има освоено четири медали на светските натпревари на УНЕСКО, а прогласен е и за Народен уметник на Ерменија. Бил и професор на Државниот музички конзерваториум во Ереван. Во 2010 настапи на Евровизија во Осло. Два пати има гостувано и во Македонија.

Автор: