Култура

Претставување на писателот Томислав Османли во Сплит

Писателот Томислав Османли, кој е на едномесечна книжевна резиденција во Сплит преку проектот „Reading Balkans“ поддржан од ЕУ-програмата „Креативна Европа“, утревечер ќе биде претставен пред сплитската културна јавност заедно со неговиот хрватски колега – Ивица Иванишевиќ.

 Тие ќе бидат учесници на книжевната трибина „Диску(р)сија“ организирана од сплитското  Здружение „КУРС“ кое 13 години ја организира програмата „Writers in Residence Marko Marulić”, во чии рамки угостува странски автори на едномесечен резиденцијален престој.

 Како што соопшти организаторот во најавата на настанот, авторите накратко ќе го претстават пред публиката своето творештво, ќе зборуваат за специфичностите на пишувањето проза и драмски форми, за стрипот како една од омилените заеднички теми на двајцата автори, за „малите“ и „големите“ јазици, за книжевната сцена во нивните земји особено во време на пандемија, како и за резиденцијалните програми и нивната важност за писателите.

 Претставувањето и разговорот ќе го води книжевната критичарка Патриција Хорват.

Автор:

Слични статии