Култура

Мони Дамевски избран за нов директор на ИФФК „Браќа Манаки“

Актерот Симеон Мони Дамевски на вчерашното свечено Собрание на ДФРМ, едногласно е избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Според статутот на ДФРМ, мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот. Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера, соопшти ДФРМ.

Дипломирал актерство на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Магистрирал на RUTGERS, државниот факултет на Њу Џерси, каде од 1990 до 1992 година бил и асистен по глума. Во неговата актерска кариера се филмовите; „Налепница“, „Небо“, „Прашина“, „Ветер и пат“; Кастинг директор за главна улога (игран филм), EUROFILM STUDIO Kft, Унгарија 2001 „Излез за рајот“, Кастинг директор за главни улоги (игран филм), реж. Veit Helmer, Германија 2001 „Зад непријателската линија“; Локален кастинг директор за споредни улоги, 20th CENTURY FOX 2000 ГАЛИЧКА СВАДБА; Режисер (документарен филм), PICTOR Association, Paris/France и Министерство за економија 2000 ЦВЕЌЕ СО БОЈА НА СРЦЕТО, Ко-сценарист (игран филм), TABOR Production (Croatia/Macedonia) 2000 MR. ALPHABET; Продуцент и сценарист на пилот епизодата за детската ТВ серија, ТВ ЕРА и CATENA MUNDI ПРОДУКЦИЈА 1999 НАШЕ МААЛО; Кастинг директор и тренер на глумците (ТВ серија), CTW (“Sesame Street”) and CG Prods.

Автор:

Слични статии