Култура

ЕУ го зголемува финансирањето во културата на 2,5 милијарди евра

Буџетот на програмата „Креативна Европа“ е двојно зголемен во споредба со претходните години и сега изнесува 2,5 милијарди евра, што досега е најголема финансиска инјекција на Европската унија во овој сектор.

„Креативна Европа“ е единствената програма на ЕУ за поддршка на културниот и аудиовизуелниот сектор. Значителното зголемување на буџетот за култура доаѓа и како последица од пандемијата во која секторот беше значително погоден. Буџет за периодот 2021-27 година е скоро двојно зголемен во споредба со 2014-2020 година, што е досега најголемата финансиска поддршка на Европската унија за културата.

Најголемиот дел од буџетот (1,4 милијарди евра) ќе биде наменет за програма што поддржува развој, промоција и дистрибуција на европски филмови и аудиовизуелни дела во Европа и пошироко. Исто така ќе се инвестира во прекугранични културни и креативни проекти и во соработки (мрежи, платформи, иновативни проекти) помеѓу организации и професионалци во музиката, литературата, архитектурата, како и во наградите и иницијативите на ЕУ за културата.

Првпат, буџетот ќе поддржи медиумска писменост, плурализам, слобода на медиуми, квалитетно новинарство и ќе им помогне на медиумите подобро да се справат со предизвиците на дигитализацијата. Благодарение на зголемениот буџет, програмата ќе игра уште поголема улога во понатамошниот развој на европската култура, идентитет и разновидност.

Извор:https:balkans.aljazeera.net

Автор:

Слични статии