Култура

Проектот „Сега“ е македонски претставник на 17. Биенале на архитектура во Венеција

Проектот „Сега“ на група архитекти на чело со Бекир Адеми е македонски претставник на 17. Биенале на архитектура во Венеција (20 мај-29 ноември).

„Сега“ е проект на проектантското биро „Бина архитектура“ на Адеми со групата коавтори Ана Рафаиловска, Јордан Шишовски, Амине Адеми, Енис Абовски, Енес Север, Дрен Невзати, Атанас Наумовски, Гаврил Бошковски, Елмедина Хасани, Нита Чаволи, Аида Бакали Салиху, Ивана Чаловска.

Комесар на проектот е Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија на Северна Македонија, куратори се Бекир Адеми и Јордан Шишовски, а соработници се професорот Ферид Мухиќ и Рамуш Муарем, додека покровител на изложбата е Министерството за култура на Република Северна Македонија.

17-тата меѓународна изложба на архитектурата оваа година ќе биде претставена од 22 мај до 21 ноември, нејзин куратор е архитектот со либанско потекло, Хашим Саркис. Хашим Саркис е декан на Факултетот за архитектура и планирање на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) од 2015 година. Дипломирал архитектура и ликовни уметности на Факултетот за дизајн на Островот Рода и докторирал философија на Универзитетот Харвард. Тој е автор и уредник на повеќе книги и статии за историјата и теоријата на модерната архитектура.

Со 61 национално учество, Меѓународната изложба на архитектура под наслов „Како ќе живеемезаедно?“ организирана од Ла Биенале ди Венеција/Венециско биенале ќе биде изложена во Џардини, Арсенале и Форте Маргера. Инаугуративната церемонија ќе се одржи на 22 мај 2021 година (сабота).

Биеналето оваа година вклучува 112 учесници од 46 земји, со делегации од Африка, Латинска Америка и Азија и со широко женско претставување. Ова издание исто така вклучува низа учества надвор од конкуренцијата:истражувања со релативни студии на случаи развиени од истражувачи од универзитети ширум светот (Архитектонска асоцијација, Американски универзитет во Бејрут, Бартлет, Универзитет Колумбија, Купер Унија, ЕТХ Цирих, Етиописки институт за архитектура, Венецијанската лабораторија, конзорциум на истражувачки групи на МИТ); специјалното учество на израелскиот уметник Михал Ровнерво, Олафур Елиасон, Себастијан Бехман и Џузепе Пеноне. 

Темата зададена од Хашим Саркис, куратор на 17-тата меѓународна изложба на архитектура носи наслов Како ќе живееме заедно?“и според него, се фокусира на следните појдовни точки за истражување и размислување:

Потребен ни е нов просторен договор. Во контекст на проширување на политичките поделби и растечките економски нееднаквости, ги повикуваме архитектите да замислат простори во кои великодушно можеме да живееме заедно.

Свеченото отворање на македонскиот павиљон е закажано на 20 мај во 10.00 часот, во дворот на “Palazzo Zorzi” – седиштето на UNESCO во Венеција. Македонија во континуитет веќе 9ти пат се претставува на оваа најпрестижна манифестација, од 2004 година навака. На првото учество во 2004 година се претставивме со проектот „Метаморфоза: од хипер тело до инверзна перспектива“, а потоа следуваа: „Град на можни светови“ (2006, кога стручното жири му додели Специјално признание на македонскиот павилјон); „Метамак отсечоци“ (2008); „Учење архитектура“ (2010) и „Архитектура во огледало: секојдневно и возвишено“ (2012). Во 2006 година куратори на проектот беа Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља.

Проектот „Сега“ е симболична претстава на еден отсечок од мноштвото и непосредна асоцијација на човековата идеја за дом и соживот. Сето ова концептуално открива два аспекти на просторно-временското суштествување, потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината.

Инсталацијата на првото доживување е интровертна и питома, потоа прераснува во една широка купола, каде интеракцијата и пресекот помеѓу архепитизирана рамка-куќа со подвижна сфера суштински ја генерираат формата, создавајќи чувство на споделена хармонија и стабилност на посетителите. Концептот се материјализира во дрвена композиција составена од дрвени елементи сите со различни димензии меѓусебно поврзани во една единствена хармонична просторна структура.

Автор:

Слични статии