Реакција: ЈАДРО му укажува на Министерството за култура дека досегашните промени се само оптоварување на апликантите
— 20 април, 2021Асоцијацијата на независната културна сцена – ЈАДРО, испрати писмена реакција до Министерството за култура, преку којашто укажува на несоодветниот начин на кој се спроведуваат проектите добиени преку конкурсот за проекти од национален интерес распишан од страна на Министерството за култура. Асоцијацијата бара Министерството да ги олесни начините за аплицирање, да воведе електронски систем и безбедни протоколи за поднесување на документите.
Реакцијата ја пренесуваме во целост:
Почитувана Ирена Стефоска, Министерка за култура на РС Македонија
Како одговор на последните случувања во работатa на Министерството за култура, од името на членките на ЈАДРО – Асоцијацијата на независната културна сцена, го искажуваме своето незадоволство. ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена, како застапувачка платформа која се грижи за подобрување, стабилизација и развој на вонинституционалната култура, но и на современите културни практики и политики, темелно следејќи ја работата, политиките и активностите на Министерството за култура, со загриженост упатува на неколку првични согледувања и забелешки, со цел да придонесе врз принципите на активна вклученост на независниот културен сектор во општествените динамики и со цел создавање подобар амбиент на партнерско развивање на идните културни политики. Затоа, бараме итна средба со Вас на која ќе разговараме за сите детектирани пропусти наведени во ова обраќање.
Од исклучително значење е подобрувањето на административните постапки и техники на Министерството за култура, низ кои се спроведуваат проектите добиени преку конкурсот за проекти од Национален интерес. Го поттикнуваме министерството да ги олесни начините за аплицирање, да воведе електронски систем и безбедни протоколи за поднесување на документите. Насоката во која министерството прави промени не е соодветна. Досегашните промени укажаа на непотребно оптоварување со бирократски алатки на апликантите кои ги креираат содржините во социо-културниот простор, а кои се чини дека се во духот на крајно ретроградни административни, па дури и нелогични (спред доделените средства) технологии на администрирање, кои не се ползуваат ниту од страна на најзначајните европски фондови и фондации. Напротив, слушајќи го гласот на корисниците, европските фондови и фондации сѐ повеќе ги де-бирократизираат процесите, на тој начин што слободно можеме да раководиме со содржините и буџететите, притоа почитувајќи ги однапред комуницираните главни начела. Во работата на Министерството за култура, пак, се воочи спротивното, дека оваа институција посветува преголемо внимание на документацијата, што се одразува негативно на сметка на содржината. Министерството за култура не се грижи доволно за портфолијата и биографиите на своите корисници кои се клучни чинители за создавањето на современото културно наследство и на современите културни и уметнички практики. Според третманот на оние кои ги реализираат програмите, правата на слободно творештво и слободно креирање на културни содржини кои ќе бидат во духот на креативна и демократизирачка циркулација на идеи, содржини и концепти, тешко се остваруваат. Административната обременетост упатува на тоа дека на Минситерството за култура не му се приоритет вредносните програмски нивоа, туку исклучиво бирократските механизми.
Членките на ЈАДРО – Асоцијацијата на независна културна сцена, искажаа незадоволство од недостатоците во договорите за учество во финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година. Преку детално разгледување на решенијата и договорите кои членките ги добија во изминатиот период од десетина дена, констатирани беа повеќе проблематични и еднострани обврзувања на корисниците на финансиските средства од буџетот на државата. Министерството за култура, пак, не се има обврзано во ниту еден член од договорот, што ги прави договорите еднонасочни во поглед на одговорностите за кои двете страни треба да се обврзат при реализација на проектите. Со ова, корисниците се чувствуваат како потенцијални злоупотребувачи во користењето на јавните пари, додека министерството пропушта да ги наведе своите обврски кон нив, како клучни актери со долгогодишно искуство со работа на домашни и интернационални проекти, кои поседуваат експертски познавања од културата и уметноста и кои создаваат продукција и програми кои се одликуваат со квалитет и квантитет што неретко ги надминува институционалните културни програми. Некои од корисниците имаат и по 20 години искуство на сцената, го имаат докажано своето отчетно работење и компетенција пред Министерството за култура и пред бројните европски фондови и меѓународни фонадации.
Затоа, ги пренесуваме, проблематичните делови од решенијата и договороте доставени до страна на корисниците, кои бараме да ги земете предвид не од идната година, туку отсега, уште во овој период на истекнување на роковите за поднесување на договорите и побараната документација и имплементацијата на овогодинешните проекти. Дел од нив се:
- несоодветното и недоследното бодување на проектите, кое не се одразува соодветно на висината на добиените средства;
- присутноста на двосмислени и збунувачки формулации, каква што е „едноставни и не многу значајни групни и самостојни уметнички активности“, за чија категоризација е потребно дополнително објаснување;
- испуштеното наведување на финансиски информации во однос на висината на процентите на исплата од страна на Министерството кои вообичаено секоја година се специфицирани; заедно со напомена за исплата од 70 % на првата сума за реализација на проектите, што им овозможува на корисниците планирање на финансиските динамики на своите проекти, а која исто така не е наведена во договорите;
- нелогичното барање за обезбедување на извештаи, докази или договори со пријавените други извори за финансирање на корисниците, кои тие не можат да ги обезбедат кога сѐ уште не ги добиле средствата за кофинансирање на проектите или се во тек на процедура на потпишување на договорите со другите донатори-кофинансери;
- барањето за отворање на наменска сметка, која го обременува процесот на доставување на потребните документи во прилог на договорите, особено за организациите на кои им се доделени мали износи на средства и за кои отворањето на нова сметка повлекува дополнителни трошоци и административни процедури за кои е потребен подолг временски период за да се извршат (особено во време на пандемија), а кои можат да влијаат на прекорачување на временски дадениот рок за поднесување на договорите од страна на корисниците (што можат да резултираат во губење на целосното право за реализација на проектите);
- барањето за отворање на наменска сметка, која според објавената информација од страна на Министерството за култура од 17.4.2021 „овозможува прецизно и законито следење на користењето на буџетските средства и е во насока на отчетно работење на корисниците при реализација на проектите“, што вака формулирано, ја става под прашање досегашната чесност во работата кај корисниците и ги профилира како организации кои работат неотчетно и незаконито; доколку министерството се соочило со конкретни случаи на субјекти работеле неотчетно, сакаме тоа да биде истражено преку други механизми; во нашето досегашно искуство, европските фондови и меѓународните фондации многу ретко барале отворање на наменски сметки за проектите кои ги финансирале и тоа само во случај на спроведување обемни и долгорочни проекти;
- произволното одредување на наменско трошење на средствата, за кое организациите не биле претходно консултирани, кое е непотребно ограничувачко и кое дополнително ги принудува и административно ги оптоварува корисниците да склучуваат анекс-договори, што можат да ја оддолжат целата процедура и да ги загубат средствата кои треба да им се доделат; бараме од министерството да ни ги објасни критериумите според кои е правена ваквата распределба; Во досегашното искуство на членките на Асоцијацијатата, корисниците не се сретнале со правило каде донаторот ја одредува висината на средствата за трошење; Таквото централизирање на буџетите додатно ја ограничува автономијата на корисниците, навлегува во програмското уредување и е крајно анахрона постапка. Тоа е спротивно на современите културни политики и министерството треба формира политики во правец на градење на: партнерство со корисниците, доверба и овозможување на автономно креирани содржини;
- ограниченото исплаќање на странските државјани во готовина (во Член 6), кое е законски во нашата земја дозволено; Неприфаќањето на овој тип на трошок, кој во огромна мера ја засега работата на независниот културен сектор кој честопати работи со странски уметници/куратори/теоретичари и сл. е нелогично бидејќи корисниците плаќаат данок за исплата за секоја личност и истата ја пријавуваат во УЈП вадејќи нејзин даночен број; исплаќањето на хонорари за странски гости со реноме подразбира исплата на високи суми, кои поради немањето на доволно ставки за пренос на меѓународни средства и за дополнителни банкарски трошоци, корисниците не можат да ги исплатат во целост и/или поради ова ограничување се во загуба; исплаќањето на хонорарите за странските државјани во законската пракса е овозможено со цел поттикнување на меѓународна соработка и олеснување на процесите на збогатување, а не ограничување, на локалната културна сцена.
Покрај сите погоренаведени забележани пропусти и ограничувања, особено сме загрижени за членките – но и оние кои не се членки на ЈАДРО, а кои имаат статус на самостојни уметници или, пак, за првпат се пријавиле на повикот објавен од страна на министерството во декември 2020 година. Министерството со доцнењето на објавата на резултатите од конурсот ги држи во неизвесност уметниците кои имаат, или се пријавиле за статус на самостојни уметници. Тоа е особено загрижувачки во период на пандемија, кога тие и онака немаат никакви примања заради неможноста за одржување на културни настани, а со тоа се ставени во позиција да не можат да ги покријат трошоците за плата, пензиско, инвалидско и здравствено осигурување, за кое во моментот е потребно повеќе од кога било. Особено загрижувачки беше и повикот за помош на самостојните уметници, објавен во декември 2020 година, каде беше наведено дека ќе се поддржат самостојни уметници, а во исто време дека важи само за невработените. Оваа објава беше навистина збунувачка, и голем број од уметниците беа одбиени за оваа помош со образложение дека се веќе вработени преку ТП. Со оваа правна нелогичност во конкурсот и со упорното необјавување на резултатите заклучно месец април 2021, министерството навистина покажа дека нема интерес да ги заштити најзагрозените актери на културната сцена.
Како последна информација во овој допис, би сакале да укажеме на тоа дека реализацијата на висококвалитетни проекти за независниот културен сектор е вистински предизвик, особено за време на здравствена криза. Но, и покрај тоа, претставниците на независниот културен сектор успеаа да реализират значително повеќе програма отколку што тоа го сторија институциите чии буџети и плати на вработените не беа ускратени. Членките од независниот културен сектор кои немаа обезбедени редовни примања и социјална стабилност, без оглед на нивнатанавременоство однос на реализирањето на програмските активности, успешно организираа богати културни програми Токму затоа, револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа, и недоворбата која Министерството ја има кон нас, изложувајќи нѐ на дополнителен стрес, со непотребно обременување со администеративно работење, неизвеснот, неиформираност и надзор од страна на финансиска полиција.
Голем број на организациите од независниот сектор се меѓународно препознаени, добитници се на признанија и награди, и нивниот труд е сметан за врвно професионален и значаен. Сепак, тие овде, дома, сѐ повеќе се деградираат. Состојбите се крајно алармантни и деградирачки, и тоа во ограничувањата на исплати на плати преку добиените средства од проекти, третманот кон слободните уметници и нивните права, и претходно наброените отежнувања на работата. Алармираме на фактот дека исплатите на средствата за реализација на годишни програми и проекти на многумина од членството на Асоцијацијата, не само што доцнат во текот на годината предвидена за реализација на активностите, туку заостануваат со години. Некои од организациите посочуваат дека министерството доцни со исплати и до 3 години наназад, што е крајно поразувачки и разочарувачки за инстутција од овој тип, која треба да претставува носечки столб на културата во една земја и да креира нови и трајни политики и фондови за оддржливост на независниот културен сектор.
Се надеваме дека оваа политика и однос кон граѓанскиот сектор во културата, слободните уметници и културните работници, ќе се промени и, ќе се гради во правец на партнерски однос, наместо бирократизиран и несоодветен однос одозгора-надолу. Вашиот позитивен одговор на нашето барање за средба и сериозен пристап кон решавање на детектирани пропусти наведени во ова обраќање, ќе укажат дека институцијата Министерството за култура на Република Северна Македонија го согледува културолошкото и општественото значење и одржлив развој на независната културна сцена, а со тоа и на граѓанското општество.
Со почит
ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена Скопје, 20.4.2021
Автор:
Слични статии
-
-
Организаторот го одложи „Офф фест“ за ноември
6 мај, 2021 -
-
Националната комисија за УНЕСКО одржа конститутивна седница
15 јануари, 2021
Последни статии
-
Пет кратки филмови, пет женски визии во рамките на проектот „Кадар-на“
— 29 октомври, 2025Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
-
„Ди-џеј Ахмет“на режисерот Ѓорѓи М. Унковски го затвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“
— 28 септември, 2025Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
-
Отворено 46. ИФФК „Браќа Манаки“
— 21 септември, 2025Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
-
Вечерва во Битола ќе биде отворен 46. ИФФК „Браќа Манаки“
— 20 септември, 2025Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
-
„Силјан“ на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар“
— 9 септември, 2025Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
-
Дариус Конџи и Воли Фистер се новите лауреати на 46. ИФФК „Браќа Манаки“
— 9 септември, 2025Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
-
Во МКЦ вечерва се отвораат изложбите на Бојана Мандевска и на Филип Матевски
— 2 септември, 2025Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
-
Премиерната претстава на „Ангели во Америка“ ја отвора новата сезона на Македонскиот народен театар
— 31 август, 2025Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…











