Култура

Театарски фестивал „Луткоказ“ како дел од проектот Критичка платформа на современото кукларство на ЕУ

Единаесеттата Меѓународна ревија на кукларството „Луткоказ“, во огранизацијата на Академијата за култура и уметност од Осијек годинава ќе се одржи како дел од проектот Критичката платформа на современото кукларство на ЕУ, (https://www.contemppuppetry.eu/hr/) и тоа во периодите од 22 – 26 март, од 26 – 30 април и од 24 – 28 мај. Годинешниот „Луткоказ“ по многу нешта се разликува од претходните изданија, посебно по должината на траење, но, и по виртуелното опкружување во кое се одржува. Причините за посебноста лежат во нам сите познати здравствени (не)прилики, но и во уште еден, исклучително важен факт. Имено, „Л уткоказ“ оваа година ќе се одржи во склоп на големиот проект на Креативна Европа Критичка платформа на современото кукларство на ЕУ, во кој Осијечката академија учествува како партнер заедно со Куклениот театар Љубљана (водител), Литванскиот Театар Леле од Вилнус и Puppet Animation Scotland од Единбург. Во фокусот на проектот се укажувањата на важноста и потенцијалите на современото кукларство и развојот на куклената критика низ едуцирањето на идните критичари и отворањето на медиумскиот простор на критиката.

Како составен дел од проектот, Луткоказ оваа година е насочен кон современиот куклен израз чија фокусна точка во Хрватска е токму Академијата за уметност и култура во Осијек. Со самото тоа, уметничкиот водител на овогодинешната ревија, Игор Третињак обликува програма со акцент на филмските адаптации на најдобрите претстави на осијечките студенти, збогатени со неколку исклучително интересни гостувачки претстави – од класиката на современото кукларство Девојчиниот скок или пролет во ќорсокакот до премиерата на новата претстава на Куклениот театар од Љубљана, Песочник. Со оглед на тоа што годинешната ревија се одвива во две димензии, програмата ќе ја збогатат филмските трудови на осијечките студенти.

Од визуелните делови на ревијата, издвојуваме уште две многу интересни изложби на осијечките студенти – Гледај, кукла и Лице зад куклата.

Вториот дел од проектот – куклената критика; овде Луткоказ ќе проследи поголем дел на предавања, работилници и разговори. Во првиот блок предавање ќе одржи авторката на Девојчиниот скок Круна Тарле, а во другиот, словенечкиот куклар, Зоран Петрович ќе одржи предавање и работилница за театарот со новите медиуми во него, додека во третиот блок, театарската критичарка Анѓела Видовиќ ќе одржи работилница на критиката во денешни прилики.

На крајот додаваме дека е ова втор проект од Креативна Европа кој во Осијек и во Хрватска го донесува Академијата за уметност и култура на крилата на кукларството.

Во продолжение погледнете го распоредот на претстави на годинешниот Луткоказ:

Прв дел 22.03 – 26.03

Понеделник, 22.03 20 часот.

Глугл, Божилак,

Дипломски испит на студентите од додипломските студии на глума и кукларство на Академијата за уметност и култура во Осијек

Премиера: АУК, 2015 год.ж

Возраст: 12+

Траење: 45 мин.

Вторник, 23.03 20 часот

ЗКМ, Девојчинскиот скок или пролет во ќорсокакот

Премиера: ЗКМ, 2001 год.

Возраст: 12+

Траење: 40 мин.

Среда, 24.03. 20 часот

Градски театар Пожега, Во потрага по дијамантската солза

Завршен труд на Вања Јовановиќ и Иван Покупиќ на додипломските студии на Академијата за уметност и култура во Осијек

Премиера: АУК, 2014 год.

Возраст: 9+

Траење: 30 мин.

Четврток, 25.03. 20 часот

АУК: Кратки студентски филмови

Студентски филмови создадени во склоп на колегиумот Видео снимање и продукција под менторство на вон. проф. арс. Давор Шариќ

Премиера: 11, Луткоказ, 2021 год.

Петок, 26. 03. 20 часот

КЛ Задар, Кафе Кралство

Премиера: КЛ Задар, 2020 година.

Возраст: 10+

Траење: 45 мин.

Втор дел, 26.04 – 30.04

Понеделник, 26.04, 20 часот

Глугл, Самоизолација во 40 минути

Завршен труд на студентот Јуре Ружа на додипломските студии на глума и кукларство на Академијата за уметност и култура во Осијек

Премиера: АУК, 2020 година

Траење: 40 мин.

Возраст: 15+

Среда, 28.04, 20 часот

АУК, Душата на Драва, филм

Филмот е создаден во рамките на предметот Визуелни и заеднички осмислен театар во форма на театар на сенки

Премиера, Осијек, 2018 год.

Возраст 4+

Траење: 17 мин.

Петок, 30.04, 20 часот

АУК, Брачни маки од визура на раката

Завршен труд на студентот Тони Леаковиќ на додипломските студии на глума и кукларство на Академијата за уметност и култура во Осијек

Возраст: 15+

Траење: 35 минути

Трет дел, 24.05- 28.05

Понеделник, 24.05, 20 часот

ЛГЛ, Песочник,

Онлајн Премиера, 11. Луткоказ

Возраст: 5+

Траење: 50 мин.

Вторник, 25.05, 20 часот

УК, Ако не ме има

Испитна претстава на Маја Лучиќ на 2-ра година на додипломските студии по Кукларска режија при Академијата за уметност и култура од Осијек

Премиера: Луткоказ, 2021 год.

Возраст: 12+

Траење: 45 мин.

Четврток, 27. 05, 20 часот

АУК, Пофалба на апсурдот во релација на меланхоличната сегашност – дневник на анархистичкиот и нихилистички академски собир, филм

Испитен материјал за 1 и 2 година на додипломските студии по куклена анимација при Академијата за уметност и култура во Осијек

Премиера: Луткоказ, 2021 год.

Возраст: 12+

Траење: 60 мин.

Петок, 28.05, 20 часот

Глугл, Пекол на земјата

Завршен испит на додипломските студии на глума и кукларство на Академијата за уметност и култура од Осијек

Премиера: АУК, 2013 год.

Возраст: 14+

Траење: 35 мин.

Автор на текстот:Игор Третињак

Превод од хрватски јазик: Сашо Огненовски

 

Автор:

Слични статии