Култура

Почина македонскиот актер Луран Ахмети по компликации од ковид 19

Македонскиот актер Луран Ахмети, кој имаше богата телевизиска и филмска кариера во Турција, почина по компликации од ковид-19 на 46 години, објави медиумот „Јени Балкан“. Ахмети, чија матична куќа беше Албанскиот театар во Скопје каде играше во голем број претстави, стекна голема слава со улогата на Хусрев паша во ТВ-серијата „Величествениот“, една од најпопуларните турски серии во светски рамки.  Актерот играше и во турската серија „Збогум Румелија“ која како македонска копродукција се снимаше во Битола, како и во „Долина на волците“.

 

 

Автор:

Слични статии