Храбрите жени
— 9 март, 2021A propos идентитетите и нивното менување кај нашите „браќа“, најблиската историја ја памети и гордата и достоинствена Турчинка Хусније Емин Атасој (1946 -2004) којашто во 1984 на протестите поради насилна промена на имињата на Турците во Бугарија за време на живковистичкиот режим, качена на тенк ги бодрела своите сонародници да не ги потпишуваат изјавите. Уапсена, измачувана (чувана дури и во замрзнувач) , по затворската казна (Ваксберг, Т., Технология на злото I, II, Belgesel 2001) е протерана во Турција.
Во 1998 година, бугарскиот премиер Иван Костов ја посетува во Бурса каде што живеела по депортирањето, се наведнал, ѝ бакнал рака и ѝ се извинил во името на бугарскиот народ… за веќе во 1989 да протераат 345.000 Турци во Турција.
Се чини дека тоа им е омилен спорт.
Автор:Ѓул Ѓулче Астор
Автор:
Слични статии
-
-
Извинете што нè окупиравте
29 ноември, 2020
Последни статии
-
Дејан Петровиќ: Интервјуата се секогаш танго за двајца
— 19 ноември, 2024„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
-
Нашето културно наследство не е само наша обврска, туку и одговорност кон идните генерации
— 8 ноември, 2024Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
-
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“
— 5 ноември, 2024Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
-
Столе Попов добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот
— 22 октомври, 2024На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
-
Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена
— 21 октомври, 2024Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
-
Познатиот австриски режисер Улрих Зајдл е лауреат на „Киненова, фестивал кој се отвора утре со „Јон Вардар против галакцијата“ на Гоце Цветановски
— 14 октомври, 2024Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
-
„Што е прво? Филмот или приказната“ е мотото на 9. МФФ „Киненова“
— 7 октомври, 2024МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…
-
45. ИФФК „Браќа Манаки“: Иднината на фестивалот зависи од она што ќе им го пренесеме на младите
— 1 октомври, 2024На годинешното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, најстар фестивал и еден од трите фестивали во светот посветен на кинематограферите, кој се одржа од 21 до 27 во Битола, главната награда „Златна камера 300“ му припадна на германскиот филм „Наставничка канцеларија“ односно на кинематограферката Џудит Кауфман. Секако, одличен филм, безвременски, што…