Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“
— 4 март, 2021Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав: Оливера Николова (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.
Наградата „Роман на годината“, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22 пат. Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
1. „Лето во кое те нема“, Петар Андоновски, „Или – Или“
2. „Шрапнел“, Игор Анѓелков, „Или – Или“
3. „Суво мастило“, Владимир Илиевски, „Македоника литера“
4. „Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“
5. „Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“
6. „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“
7. „Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
8. „На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“
9. „Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“