Култура

Почина американскиот водител Лери Кинг

 Aмериканскиот водител Лери Кинг, чии интервјуа со светски лидери, филмски sвезди и обични луѓе помагаа во дефинирањето на американскиот дијалог половина век, почина денеска на 87 годишна возраст. Причината за неговата смрт не е соопштена. На 4 јануари беше објавено дека Кинг е позитивен на ковид- 19. Кинг починал во медицински центар во Лос Анџелес, објави на Твитер неговата продуцентска куќа „Ора медиа“.
Кинг кој освои многу признанија за неговата работа го интервјуираше и рускиот претседател Владимир Путин и американските претседатели од Џералд Форд до Барак Обама. Кинг беше цел на критики во последните неколку години за неговата работа со рускиот државен радиодифузер кој ги презеде неговите политички и ток-шоу програми во 2013 година.
Кинг стана славен во 70-те години од минатиот век со неговата емисија на радио „Шоуто на Лери Кинг“. Потоа доби сопствено шоу на „Си-Ен-Ен“ „Лери Кинг во живо“, кое се емитуваше од 1985 до 2010 година. Од 2012 до 2020 година се префли на „Хулу“ и „РТ Америка“ со шоуто „Лери Кинг сега“.

Автор:

Слични статии