Гари Каспаров, еден од најголемите шахисти во историјата, главно не е воодушевен од приказите на шахот на екран. „Секогаш гледаш дека го користат луѓе кои не се професионалци“, рече Каспаров во јавувањето од Хрватска. „И мошне често, позициите на таблата немаат никаква смисла.“
Шахот е спорт во кој двајца луѓе – главно мажи – седат еден спроти друг и не разговараат ништо, и не се помрднуваат, со часови.Шахот е спорт во кој двајца луѓе – главно мажи – седат еден спроти друг и не разговараат ништо, и не се помрднуваат, со часови. Затоа беше тешко да се замисли дека оваа игра може да стане филмска ѕвезда. Но седмата уметност е фасцинирана од шахот, уште од ерата на немиот филм. Шахот се инфилтрираше во трилерите, романсите, комедиите, биографските филмови, документарците, адаптациите на романите, цртаните филмови. Малку разоноди можеа да ги инспирираат и Ингмар Бергман („Седмиот печат“) и Пиксар („Гериевата игра“).
Затоа „The Queen’s Gambit“, серијата на Нетфликс од седум епизоди, во исто време се чини и позната и необична. Гламурозниот и изместен поглед на шахот, сместен во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, е фокусиран на измислениот лик Бет Хармон (прво ја толкува младата Исла Џонстон, а потоа Ања Тејлор-Џој), чудо од дете кое ја открива оваа игра во едно сиропиталиште во Кентаки. И покрај својата зависност од алкохол и таблети за смирување, Бет игра и тренира опсесивно, додека не дојде до самиот врв, до дуел со најдобрите.
Со протагонистка која има свои проблеми, со мечови кои претставуваат климакс секоја епизода, „Гамбитот на кралицата“ наликува на останатите шах-драми. И неговиот фокус на жената не е без преседан, пред сѐ заради „Кралицата на Катве“ на Мајра Нејр, која ја препорачува и Гари Каспаров. Но кога станува збор за фигурите на таблата, ниедно друго дело не може ни да се приближи според бројот детали и прецизности.
„Ова е најблиску што можеше да се дојде до автентичната атмосфера на шаховските турнири“, вели Каспаров, кој работеше како консултант на серијата.
Серијата е и мошне верна на материјалот од кој произлезе, краткиот роман од 1983 година на авторот Волтер Тревис, чии книги Холивуд ги сака многу: „Хазардер“, „Бојата на парите“, „Човекот кој падна на Земјата“.
режисерот Скот Френк, кој ја осмисли серијата со сценаристот Алан Скот, сакаше да уфрли и теми и лични приказни кои ги нема во романот.Романот не е предолг. Дијалогот е мошне оскуден, и и покрај она што се случува на таблата, акцијата е минимална. Но режисерот Скот Френк, кој ја осмисли серијата со сценаристот Алан Скот, сакаше да уфрли и теми и лични приказни кои ги нема во романот.
„Ако сакавме да го снимиме ова како филм, ќе беше класичен спортски филм, со главно прашање ’Дали таа ќе го победи Русинот или не?’“, вели Френк. „А книгата не е за тоа. Според мене, таа е за болката и цената која ја носи таквиот дар.“
„Гамбитот на кралицата“ прикажува повеќе од триста игри. Некои се само во позадина, некои ги гледаме само на момент. За да изгледа дека мечовите и турнирите се претопени еден во друг, дизајнерот Ули Ханиш разви слични палети со бои, па така секоја локација се разликува од следната според бојата. Стивен Мајзлер, кинематограф, ги менува аглите. И звуците кои ги прават фигурите кога се движат на полињата се менуваат исто како и ритмовите – од алегро до адаџо.
Некои шаховски драми ја прикажуваат оваа игра како деструктивна, како онаа што знае да ги скрши своите ученици. Други ни предочија дека шахот може да биде ослободувачки, искупувачки, дека 64-те полиња можат да спасат животи. „Гамбитот на кралицата“ е и едното и другото.
Преземено од Окно.мк
Извор: New York Times/International Report
Автор: Алексис Солоски