Култура

Словенско младинско гледалишче вечерва на МОТ

Вечерва на МОТ е претставата на најредовниот гостин, како што го најавија организаторите, Словенско младинско гледалишче, омилениот театарски ансамбл на нашата публика. Ансамблот на овој театар ќе ја одигра претставата „Спротивноста на нештата“, во режија на Борис Никитин. Во информацијата стои дека Никитин ги истражува границите помеѓу реалноста и фикцијата, документот и неговиот фалсификат и претпочита да ги разнесува овие категории. Вака создадениот театар е суров, груб, фронтален и директен. Прекумерното реагирање, пародијата, провокацијата и субверзивното играње со границите помеѓу реалното и лажното станаа фино подесени реквизити за популизам во натпревар за политичко внимание. Границите на договореното постојано се поместуваат и се доведуваат во прашање. Како да ја влечеме западната филозофија над дадаистичка јама и прашањето „што е реалност?“ и „кој ја одредува?“ ќе стане гориво за следниот престап. Нефикција во трескавична состојба, пародија како парадигма на нашето време! И последиците, како и секогаш, реални: победа на избори, предизвикување кризи, донесување политички одлуки, војни, продажба на производи. Жртва на ова е малиот човек и неговата веројатно најголема политичка способност: неговата ранливост. Ранливоспособност. Како може да се справиме со сето ова на сцената, овој веројатно најдвосмислен простор што еволуцијата го има создадено некогаш? Можеби само како лоша шлаканица, како спротивставување на нештата.

Билетите се строго ограничени и достапни само преку bileti.mkc.mk. Oнлајн претставите се бесплатни (со задолжително “подигнување” на билети), а билетите за претставите кои се играат во живо (во МКЦ и Универзална сала) изнесуваат 300 денари.

Автор:

Слични статии