Култура

Македонија со копродукцискиот филм „Улиште“ на Блерта Бишоли на „Санденс“

Долгометражниот игран филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, влезе во главната интернационална натпреварувачка програма на 38. филмски фестивал во „Санденс“. Фестивалот ќе се одржи од 28-ми јануари до 3-ти февруари следната година во Парк Ситу, Јута, во САД.  Филмот „Улиште“, е во копродукција меѓу Косово, Швајцарија, Македонија и Албанија, со уште девет филмa од целиот свет, е селектиран на „Санденс“ што се одржува во Парк Сити, Јута, САД, фестивал кој е основан од реномираниот актер Роберт Редфорд и во организација на институтот „Санденс“, и важи за еден од најголемите фестивали на независен филм во светски рамки.

Во филмот се зборува за Фахрије, чиј сопруг исчезнува во војната во Косово, и додека трага по него, таа одлучува да започне мал земјоделски бизнис за да обезбеди егзистенција за своето семејство. Нејзиниот бизнис започнува добро, освен пчелите во нејзиното улиште, кои се чини дека се хаотични и агресивни кон неа. Во своите обиди да најде мир со пчелите, таа наоѓа мир и со самата себе…

Главната улога ја толкува Јилка Гаши, а меѓу актерите што играат во филмот се: Чун Лајчи, Кумрије Хоџа, Аурита Агуши, Адријана Матоши, Астри Кабаши, и од Македонија – Адем Карага, Зарије Јонузи Челику и Шќелќим Ислами. Блерта Башоли е млада режисерка родена во Косово. Дипломирала на Универзитетот во Њујорк, на отсекот за Филм и ТВ. Има режирано неколку кратки филмови за кои е и наградувана, а „Улиште“ е нејзиното дебитантско долгометражно остварување. Кинематографер е Алекс Блум, монтажата е на Едис Сарачи и Феликс Сандри, сценограф е Влатко Чачоровски, костимографијата е на Хана Зеќа и Фјорела Мирдита, а шминката е на Фиона Абдулаху. Продуценти на филмот се Јил Ука, Валон Бајгора, Агон Ука, а копродуценти Брита Ринделауб, Кристијан Буровски, Томи Салковски, Паскал Семини.

Автор:

Слични статии