Култура

„Божиќната ѕвезда“ ќе може да ја видиме на небото по 800 години

На 21 декември, Јупитер и Сатурн ќе се доближат толку многу, што ќе изгледаат како „двојна планета“, спој што ќе ни се појави на Земјата како една голема светла точка, односно голема ѕвезда на небото.   
„Усогласувањето помеѓу овие две планети е прилично ретко, се случува еднаш на секои 20 години. Но, овој настан е уште поредок бидејќи планетите ќе бидат толку блиску, што од Земјата ќе изгледаат како една, изјави за Форбс Патрик Хартиган, астроном од Универзитетот Рајс.

Двете најголеми планети во Сончевиот Систем ќе се „спојат“ во рамките на небесен настан што не бил виден уште од средниот век. На 21 декември Јупитер и Сатурн ќе бидат толку блиску една до друга, што ќе изгледаат како „дупла планета“. Ова нам на Земјата ќе ни изгледа како една голема светла ѕвезда на небото.

Ваков настан претходно бил виден на 4 март 1226 година. Историски, овој феномен е познат како „Божиќна ѕвезда“ или „Ѕвездата на Витлеем“. Феноменот треба да биде видлив секаде низ светот на чисто небо.

Следниот ваков настан ќе се случи дури на 15 март 2080.

Извор:Southernliving

Автор: