Култура

„25 факти за аерозагадувањето…“ – нова е-книгичка од Бранко Прља и Владимир Карер

Загадувањето во нашиот главен град Скопје (а да не се лажеме и во повеќето градови во Македонија) е екстремно, но што можеме да направиме да го намалиме?

Неуморното дуо Владимир Карер и Бранко Прља направија нова книгичка во која се презентирани 25 идеи како граѓаните можат да влијаат на тоа да се намали загадувањето.

Се разбира, авторите не го негираат фактот дека првенствено државата треба да преземе чекори, да се намали употребата на фосилни горива, да се регулира индустријата и да се изготви план како да се оствари тоа без економски загуби, но тие нема да реагираат без општонароден и меѓународен притисок!

Затоа авторите го поставуваат прашањето – што можеме дотогаш да направиме ние како граѓани?

Како што велат авторите:

„Оваа книгичка ти нуди многу идеи со кои можеш да си помогнеш себеси и на другите – од негреење со фосилни горива, преку садење дрва, до возење велосипед!“

Идеите во книгичката се собрани преку искуствата на групите „Дај, не фрлај!“, „Кеса не, благодарам. Торба си носам!“, „Не фрлај, не загадувај!“, “И јас одам со велосипед на работа и Еколошко, евтино, ефикасно!“ кои ги водат авторите заедно со други луѓе заинтересирани за екологијата, како и истражувачки текстови на нивниот портал arno.mk.

Во поговорот на книгата, како една мотивација за сите кои сакаат да сменат нешто во својата средина, а не знаат како, стои:

Оваа книгичка е уште едно дело на Бранко и Владимир кое не е финансирано, ниту потпомогнато од некого, туку е напоено од 320 волти чиста енергија и желба да се направи нешто добро за својата земја и за идните поколенија. На здравје!

Книгичката можете бесплатно да ја симнете од овој линк.

Извор: Арно

Автор:

Слични статии