Култура

„Ликовни решенија” и „Blue moon“ вечерва во МКЦ

Вечерва, со почеток од 20 часот во галеријата на МКЦ, ќе се отвори заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски. Овие двајца уметници имаат завршено средно уметничко на одделот графика и се дипломирани графичари на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Членови се на ДЛУМ од 2020 година.

Дело на Давор Кешќец

Ова е нивна прва заедничка изложба на која Давор Кешќец ќе се претстави со серија дела под наслов „Blue moon“, додека делата на Стефан Младеновски се обединети со насловот „Ликовни решенија“.

Дело на Стефан Младеновски

На изложбата ќе може да се видат две сосема различни гледишта кон ликовната уметност.  Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален, а носењето маски е задолжително за време на целиот настан.
Tagged with:

Автор:

Слични статии