Култура

Почина српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ

На 74-годишна возраст, Во Париз, денес почина српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ. Toj дипломирал филмска режија на познатата Прашката академија за филм.

Режирал 30 документарни филмови и голем број ТВ драми, а својот прв игран филм „Чуварот на плажата во зима” го сними во 1976 година. Има снимено 13 играни филмови. Меѓу добро познатите филмови на Паскаљевиќ се: „Специјален третман”, „Варљиво лето 68″, „Буре барут”, „Танго Аргентино”, „Ангел чувар”…

Добитник е на многу престижни награди, вклучувајќи ја и наградата на критичари за најдобар европски филм во 1998 година за „Буре барут” и наградата во Сан Себастијан во 1990 година за филмот „Време на чуда”.

Списанието „Варајети” го прогласи за еден од петте најдобри режисери на годината во 2001 година. Одликуван беше со Француски орден за уметност и литература. Тој е првиот филмски режисер што ја доби наградата „Бернард Вики Мост” за хуманизам во своите дела во Минхен во 2002 година. Смртта го прекина во снимањето на филмот „Крикот на мачката“, чија премиера беше најавена за 2021 година. 

Автор:

Слични статии