Култура

„Налепница“ на Георги Унковски се квалификуваше за „Оскар“

„Налепница” на Георги Унковски е избран за најдобар краток филм на 18. издание на Меѓународниот фестивал за краток филм „Ин д палас“ што се одржа во Софија. Станува збор за меѓународен фестивал за краток филм кој е еден од официјалните светски фестивали што ги квалификуваат победниците за натамошна можност за номинација за „Оскар“.

Победникот на овој фестивал за игран краток филм „Налепница“, по овој успех, влегува во конкуренција за номинација на „Оскар“.

„Налепница“, кој е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, веќе бележи голем успех на филмски фестивали во цел свет. Главната улога ја толкува Сашко Коцев, кој на фестивал во Италија доби награда за најдобра улога. Играат и Соња Стамболџиоска, Мони Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа, Димитрија Доксевски, Џевдат Јашари и други.

Автор:

Слични статии