Култура

За македонскиот јазик не смее да се разговара, рече Столе Попов примајќи ја наградата на „Браќа Манаки“

На 41-то издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на режисерот режисерот Столе Попов му беше врачена наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, што ја доделува ДФРМ. Режисерот, во своето обраќање, по повод примањето на оваа награда, меѓу другото рече дека примил многу награди, но оваа му е посебна драга затоа што доаѓа од страна на неговата фела, од филмските работници. Тој истакна дека му е посебно драго што наградата од  ДФРМ го задржала генеричкото име, каде стои дека наградата ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија. Попов во своето обраќање по примањето на наградата рече дека е време да исчезнат било какви комбинации околу некои бришења, негации, кои водат до тоа да исчезнат придавките кои никогаш не биле предмет на разговор, а камо ли на прифаќање.

„Нема ништо посвето од јазикот, културата и духовноста на човекот во средината во која живее. Една порака до политичарите – да не забораваат на фундаменталните вредности на светската цивилизација, кои се почесто се занемаруваат и се губат. Треба да имаат на ум дека со сила убавина нема – рече режисерот.

Тој исто така испрати и порака до политичарите  – да не забораваат на фундаменталните вредности на светската цивилизација, кои се почесто се занемаруваат и се губат. Треба да имаат на ум дека со сила убавина нема, рече Попов.

Од 1978 до 1988 година работи како режисер во „Вардар филм“, а од 1985 до 1986 година ја врши должноста директор на филмската куќа. Од 1989 година работи како професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и е раководител на катедрата по филмска режија. Еден е од основачите на првото приватно претпријатие за производство на филмови „Триангл“ во 1988 година. Од 1997 година е член на Европската филмска академија.
Добитник е на повеќе од 50 врвни европски и светски филмски награди и признанија, од кои посебно се издвојуваат 8-те гран прија на разни интернационални фестивали и двете номинации за „Оскар“ на Американската, и „Феликс“, на Европската Филмска Академија. Столе Попов ги режираше македонските филмови „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“ и „До балчак“  документарниот филм „Дае“ и други документарци. 

Автор:

Слични статии